Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амбасадите на САД во светот предупредуваат: Забранети се програмите за инклузија, запрете со добавките

0
By Zoran Ivanov on April 1, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 1, 2025 09:03

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди локалните добавувачи на амбасадите и конзулатите на САД во странство, како и добитниците на американски грантови, дека мора да ја почитуваат забраната за програми за промовирање на разновидноста, еднаквоста и инклузијата, во спротивно ризикуваат да ги изгубат средствата што им се исплаќаат.

Американската амбасада во Шпанија, како и сите наши амбасади низ светот, ги известува нашите локални добавувачи на производи и услуги за новите правила, засновани врз неодамнешните укази на претседателот Трамп, изјави портпарол на амбасадата на САД во Шпанија.

Сакаме да осигуриме дека нашите партнери ќе ги почитуваат сите федерални закони против дискриминација и дека добавувачите нема да учествуваат во програми што промовираат разновидност, еднаквост и инклузија на начин што е во спротивност со постојните федерални закони, додаде тој.

Писмените предупредувања ја одразуваат намерата на Трамп да ја прошири примената на указите што ги потпиша во јануари и надвор од границите на САД. Тие укажуваат на тоа дека владините агенции треба да ги укинат политиките за разновидност, еднаквост и инклузија во федералните институции, кај федералните подизведувачи и во приватниот сектор.

Ова предизвика правни дилеми во САД, имајќи предвид дека долг период американските компании поддржуваа вакви политики, користејќи податоци за расна и етничка припадност за да поттикнат разновидност при вработувањето и други корпоративни практики.

Во писмо испратено до компании надвор од САД се наведува дека непочитувањето на новите барања ќе резултира со замрзнување на исплатите кон добавувачите.

Еден од засегнатите е и германскиот автомобилски гигант БМВ, кој добил писмо од американската амбасада во Бугарија, каде што компанијата продава автомобили. Во дописот се бара БМВ да ги преиспита своите политики за разновидност, еднаквост и инклузија, изјавил еден службеник. Во изјава за Ројтерс, како што пренесе БТА,  БМВ порача: „Различните перспективи и таленти ја прават нашата компанија посилна и придонесуваат за јакнење на нашата иновативна сила и конкурентност“.

 

добавувачи зашрете инклузија сад. амбасади
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.