По денешната средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, амбасадорите на САД, ЕУ, Германија, Велика Британија, Франција и Италија ја повикаа партијата на ДУИ како дел од владината коалиција да да понесе одговорност за демократските вредности и принципи во земјава.
-Ја поздравуваме конструктивната улога на ДУИ за време на викендов, вклучително и во Советот на безбедност. Ја повикуваме партијата да продолжи да работи со сите страни и институции. Kако дел од владејачката коалиција, ДУИ е одговорна за спроведување на демократските вредности и принципи. Партијата има обврска да помогне да се изградат државните институции и да осигура транспарентна истрага за откриените злоуопотреби на кредибилен начин. Се надема дека ДУИ ќе ја искористи влијателнота за доброто и иднината на сите македонски граѓани, изјави по средбата во име на сите амбасадори, амбасадорот на Италија во Македонија – Масимо Белели.
По средбата, лидерот на ДУИ ги избегна новинарите и одби да даде изјава.
Амбасадорите во ист состав попладнево треба да се сретнат и со лидерот на СДСМ – Зоран Заев.




