Во рамки на посетата на земјите од регионот, во еднодневна работна посета на Република Македонија денеска престојува Помошникот генерален секретар на НАТО за јавна дипломатија, амбасадорот Колинда Грабар Китаровиќ.
Амбасадорот Китаровиќ ќе оставри средби со министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Зоран Петров, со претседателите на собраниските комисии за надворешна политика, Антонио Милошоски и одбрана и безбедност, Влатко Ѓорчев како и со Шефот на македонската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Ермира Мехмети.
Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово ќе биде домаќин на Амбасадорот Китаровиќ и министерот Џаафери кои ќе одржат заедничко предавање на теми поврзани со процесот на интеграција и соработката помеѓу Република Македонија и НАТО.




