Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави дека би сакал да види прозападна влада во Србија и министри кои веруваат во стратешките насоки за кои, според него, гласале Србите, пренесе Бета.

„Разбирам дека составувањето на влада е комплицирано, но би сакал да го видам тоа. Кога во минатото ме прашуваа за одредени позиции, а јас давав предлози, многупати излегуваше дека сум погрешил. Не им кажувам на владите кого да стават на кои функции“, изјави Хил во интервју за денешен „Блиц“.

Како што додаде, „живееме во важни и критични времиња и ќе биде неопходно да се донесат многу важни одлуки, како оние за енергенсите“.

„Би сакал да видам влада која е способна да ги надмине овие предизвици и која сака да се движи кон Запад. Многу е јасно дека народот на Србија го избра тоа“, нагласи Хил.