Published: Saturday, May 9, 2015 14:21
Американската амбасада жали поради загубените животи во акциите во Куманово но сепак досега нема официјална потврда од македонските власти за загинати лица.
„Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово и го изразуваме нашето сочувство кон семејствата на загинатите полицајци и граѓани, како и кон оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите“, соопшти амбасадата на САД во Скопје.




