Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американски Европјани

0
By Zoran Ivanov on February 22, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 22, 2025 08:19

Сите прашања се реторички, затоа што тешко дека “елитите” може да го сокријат одушевувањето од можноста конечно транспарентно да бидат против ЕУ. Платени од САД и ЕУ, сите овие години, за глумење на про-американство и про-европејство. Конечно, кога е најкомплицирано, работите се извадени на “чистина” – сега јасно се гледаат идеалистите, опортунистите и лукративните.

Никица Корубин

Фасцинантната површност, со која се пристапува кон динамиката на гео-политиката која е во тек, и која има многу позадински непознати и (не)видливи елементи, ја прави секоја анализа суштински нестабилна, за разлика од позиционирањето кое мора да биде суштински стабилно.

А, уште пофасцинантно е како, преку ноќ се обесмислуваат сите наши локални наративи: од стандардните анти-ЕУ, преку квази-идентитетските, до оние за “вековната неправда” – тешко дека во бруталниот прагматизам на новата американска администрација може да се пронајде, а потоа и точно да се дефинира терминот “праведно”. Па, оттаму од сите три наратива, од кои “две во едно” – идентитет преку праведност, се анулирани и релативизирани; останува клучниот – про или анти-ЕУ.

Новоразбудениот восхит за САД, на ниво на истата фасцинантна површност, би требало да оди “рака под рака” со восхит за ЕУ, восхит за целиот нивен придонес (политички и финансиски) за опстанокот на Македонија како функционална држава, восхит за демократијата и владеењето на правото, восхит за НАТО, восхит за сите политички договори, кои всушност и ја гарантираат и дефинираат нашата независност (Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија). Но, ништо од ова го нема во јавниот дискурс, како и до сега, освен сувопарно, дискутабилно и таргетирано “одушевување од САД”. Или попрецизно, одушевување од очекувањата од оваа администрација на САД.

Веројатно прво, метафорички да не “екстраполираат” од европскиот континент и да не сместат во некоја замислена (супериорна) позиција, над сите во регионот (особено над Бугарија и Грција). Нас “чуварите на идентитетот” поради чија наводна загрозеност се’ уште не сме ги завршиле обврските од преговарчаката рамка.

А, потоа, како што би рекол “пријателот Милорад Додик” – “единствено што очекуваме од новата администрација на САД е да не’ остават на мир, да правиме што сакаме”. Што би било тоа во неговиот случај е кристално јасно, но што би било тоа во нашиот случај е апсолутно нејасно. Од позиција на интересите на Северна Македонија.

Оттаму, крајно конфузно и нејасно, иако очекувано, е неразбирањето на позицијата на Северна Македонија во моментов и воопшто, членка на НАТО и кандидат за ЕУ, со автоблокиран почеток на преговорите со ЕУ. Најпрво, очигледното – територијален дел сме од европскиот континент, јужна Европа и регионот на Источниот Медитеран. А, потоа и логичното – како кандидат за ЕУ ние ја делиме позицијата, вредностите и системот на ЕУ – vis a vis било кого.

И кога САД се обраќаат кон ЕУ и кон Европа, се обраќаат и кон нас. Како тоа наеднаш сакаме да се откажеме од сопствениот историски идентитет, кој е длабоко втемелен и во нашето културно наследство? Како тоа наеднаш сакаме да се дистанцираме од битката за владеење на правото и правда? Како тоа ние се екстрахираме од пораките на САД кон ЕУ и Европа?

Сите прашања се реторички, затоа што тешко дека “елитите” може да го сокријат одушевувањето од можноста конечно транспарентно да бидат против ЕУ. Платени од САД и ЕУ, сите овие години, за глумење на про-американство и про-европејство.

Конечно, кога е најкомплицирано, работите се извадени на “чистина” – сега јасно се гледаат идеалистите, опортунистите и лукративните. Не дека не беше видливо и до сега. Јасно се гледаат комунистичките и југословенските елити. Јасно се гледа “заробената држава”. И причината за заробувањето. Јасно се гледа туѓиот хегемонизам. И нашата неукост и несвесност.

Она што единствено не се гледа е историската позиција на “нашето парче земја” – кажано во духот на новото време, и неговата судбина во вакви историски пресврти. Каде сме биле во текот на целиот 20-ти век и каде сакаме и мораме да бидеме во 21-от век. Но, сега како независна и суверена држава, која во променети околности мора да биде дел од природното опкружување – културолошки, цивилизациски, политички географски, економски – ЕУ.

Ако, уставните измени не се завршат во најкраток можен рок, покажуваме флагрантно непочитување кон сопствената независност и патот до кој до неа е дојдено. Историски парадокс и најголема неправда кон самите себе си, ако веќе милуваме да зборуваме за неправди.

И на крајот за историјата. Европа, името на нашиот континент, го добива по името на феникиската принцеза Европа. Митот за “грабнувањето на Европа” од страна на врховното хеленско божество Зевс е широко познато. Исто како и потрагата по неа, од страна на нејзиниот брат Кадмо и неговата сопруга Хармонија. Кадмо и Хармонија, на крајот се населуваат кај Енхелејците, во поширокиот регион на Охрид, Струга, југоисточна Албанија и северозападна Грција.

Значи ние, сме суштински врзани за постоењето на западната, европската и американската култура. Дали сигурно се’ уште сакаме да бидеме наменски “поголеми Американци од Американците”, ние Европјаните кои веќе требаше да преговараме за да влеземе во нашата ЕУ? Па, токму ова е идентитетот, свеста и совеста, што сме, каде сме и каде единствено можеме и мораме да бидеме.

Од Фејсбук ѕидот на авторката

колумна Никица Корубин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.