Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Американскиот сенатор Кори Букер 25 часа држеше говор против Трамп и постави нов рекорд

0
By Marija Todorovska on April 2, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот AP
Фото: Скриншот AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сенаторот од редовите на Демократската партија Кори Букер постави нов рекорд во американскиот Сенат, држејќи говор повеќе од 25 часа без прекин, протестирајќи против политиките на Доналд Трамп.

 Се исправам овде со намера да го нарушам нормалниот тек на работа во Сенатот на САД, и ќе стојам додека сум физички способен. Се исправам вечерва, затоа што искрено верувам дека нашата земја е во криза, изјави тој вчера, на почетокот на својот маратонски говор.

Обраќањето на сенаторот од Њу Џерси го урна рекордот од 1957 година, поставен од Стром Тармонд – сенатор од Јужна Каролина, поддржувач на расната сегрегација, кој се спротивставуваше на историски закон за граѓанските права и зборуваше во пленарната сала 24 часа и 18 минути.

Симболично, малку пред да го надмине овој рекорд, Кори Букер со емотивен и изморен глас ги потсети на зборовите на еден од неговите ментори – Џон Луис, емблематична фигура на движењето за граѓански права од 60-тите години.

Сенаторот го искористи слоганот на поранешниот демократ во Конгресот, кој почина во 2020 година, за да ги повика Американците да предизвикаат „немири, добри немири“ во општеството како одговор на политиките на Доналд Трамп.

Овде не станува збор за лево или десно. Ова е прашање на добро и зло. Америка, ова е морално прашање: дали Уставот живее во твоето срце?, изјави сенаторот малку откако го постави новиот рекорд.

Тој конечно го предаде зборот во 20:05 часот по локално време, откако зборуваше 25 часа без прекин.

Кори Букер беше на говорницата во американскиот Сенат од претходната вечер во 19:00 часот, за да протестира против политиката на претседателот Трамп, која според него е „неуставна“.

Интерниот правилник на Горниот дом на Конгресот му дозволува на секој сенатор да земе збор, сè додека стои исправен и зборува без прекин. Оваа тактика е позната како „филибастер“ – збор што потекнува од францускиот „flibustier“ (пират, дејствувачки крај американските брегови од 16-ти до 18-ти век – бел. ред.), бидејќи сенаторот практично ја „киднапира“ говорницата и на тој начин го спречува затворањето на дебатите.

Правилата се строги: не е дозволено седење или пауза, дури ни за физиолошки потреби. Единствената дозволена пауза е онаа за гласање – кога друг сенатор може да земе збор за да постави прашање на говорникот, при што понекогаш и самото прашање е пролонгирано.

говор кори букер Сенат Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.