Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Амнести интернешнал: Во Бородинка украински цивили биле ликвидирани во подрумите

0
By Соња Крамарска on May 6, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Руските сили „мора да се соочат со правдата за серија воени злосторства“ извршени во регионот северозападно од Киев, соопшти денеска Амнести интернешнал на брифинг за новинари во украинскиот главен град по истрагата што ја спроведе во земјата.

Истрагата, заснована на „десетици интервјуа и опсежен преглед на материјални докази“, документира „незаконски воздушни напади врз Бородјанка и вонсудски егзекуции во други градови и села, вклучувајќи ги Буча, Андриевка, Здвиживка и Ворзел“.

Делегација на Амнести интернешнал разговараше со преживеаните, семејствата на жртвите и високи украински функционери, соопшти организацијата. „Моделот на злосторства извршени од руските сили што ги документиравме вклучува и незаконски напади и намерни убиства на цивили“, рече во изјавата генералниот секретар на Амнести интернешенел, Ањес Каламар.

„Сретнавме семејства чии најблиски беа убиени во ужасни напади и чии животи засекогаш се променија поради руската инвазија. Ние ги поддржуваме нивните барања за правда и ги повикуваме украинските власти, Меѓународниот кривичен суд и другите да обезбедат зачувување на докази кои би можеле да поддржат идно гонење за воени злосторства и изнесување на сторителите пред лицето на правдата“, рече таа.

За време на 12-дневните истраги, истражувачите на Амнести ги интервјуираа жителите во Буча, Бородинка, Нови Короход, Андриевка, Здвиживка, Ворзел, Макарив и Дмитривка и „посетуваа места на бројни убиства“, соопшти Амнести. Во Бородинка, Амнести интернешнал откри дека „најмалку 40 цивили биле убиени во непропорционални и неселективни напади, кои опустошиле цела населба и оставиле илјадници луѓе без покрив над главата“. Во Буча и неколку други градови и села лоцирани северозападно од Киев, Амнести документира „22 случаи на незаконски убиства од страна на руските сили, од кои повеќето беа очигледни вонсудски егзекуции“.

На 1 и 2 март, серија руски воздушни напади погодија осум станбени згради во градот Бородинка, во кои живееја повеќе од 600 семејства, соопшти Амнести. „Во ударите загинаа најмалку 40 жители и беа уништени зградите, како и десетици околни згради и куќи. Повеќето од жртвите беа убиени во подрумите на зградите, каде што бараа засолниште. Други починаа во своите станови“, соопшти Амнести.

Амнести повика сите одговорни за воените злосторства да бидат осудени за своите постапки. „Според доктрината на командна одговорност, хиерархиските претпоставени – вклучувајќи команданти и цивилни водачи, како што се министрите и шефовите на држави – кои знаеле или имале причина да знаат за воените злосторства извршени од нивните сили, но не се обиделе да ги спречат или казнат, треба и кривично да одговараат“, велат од Амнести.

Амнести Интернешнел Бородинка Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.