Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АМС: К. Лазаров и Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016 година

0
By Нова ТВ on December 24, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кире Лазаров и Лина Ѓорческа ги понесоа признанија за најдобар спортист на Македонија за 2016 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации. За капитенот на сениорската ракометна репрезентација ова е трета награда за која конкурираа уште маратонскиот пливач Томи Стефановски, каратистот Емил Павлов, одбојкарот Никола Ѓорѓиев и кик боксерот Милан Кубин.

„Оваа награда ми причинува голема чест. Зад нас е турбулентна, но и успешна сезона. Се надевам дека ќе извлечеме поуки од грешките. Веќе неколку денови се подготвуваме во Маврово, имаме подмладен тим, во Франција ќе заминеме скромно меѓутоа во едно сум убеден. Македонија има ракометна иднина и за тоа не треба да се грижи“, рече Лазаров.

Ѓорческа, пак, за првпат ја понесе наградата во женска конкуренција. Зад себе имаше успешна година, со неколку турнирски победи, со напредок на ВТА листата во сингл и дубл и со учество во квалификациите за Ју-Ес опен меѓутоа и верба дека претстојната ќе биде уште подобра.

„Благодарност до сите што ми помогнаа да сум овде и да ја освојам оваа награда. Се надевам дека ќе ја оправдам нивната доверба веќе на Австралија опен. Би сакал да ја искористам приликата да ѝ честитам на младата фудбалска репрезентација на Македонија за пласманот на Европското првенство и да ѝ посакам среќа во Полска. Би сакала уште повеќе успеси во 2017 година и на крајот пак да се собереме и видиме овде“, порача Ѓорческа пред присутните.

Благоја Милевски, селектор на македонската репрезентација за играчи до 21 година, е прогласен за најдобар тренер. Селекцијата што тој ја предводи (се пласира на ЕП 2017) како и женската ракометна (се пласира во баражот за СП 2017) се промовирани во најдобри национални состави за 2016 година.

Ракометарот Филип Талески и каратистката Моника Пендаровски ги добија признанијата за најдобри млади спортисти. За најдобар спортист со инвалидитет е прогласена стрелачката Оливера Наковска-Бикова, четвртопласирана на олимписките Игри во Рио.

Добитници на награди во изборот на Агенција за млади и спорт 

Спортист на годината: Кире Лазаров (ракомет)

Спортистка на годината: Лина Ѓорческа (тенис)

Тренер на годината: Благоја Милевски (селектор на фудбалската репрезентација за играчи до 21 година)

Машки национален тим на годината: Млада фудбалска репрезентација

Женски национален тим на годината: Ракометна репрезентација

Најдобар спортист со инвалидитет: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)

Млад спортист на годината: Филип Талески (ракомет)

Млада спортистка на годината: Моника Пендаровски (карате)

Најуспешна федерација на годината: Карате Федерација на Македонија

Универзитетски клуб на годината: Женски ката тим во борби при УКИМ

Најдобар клуб од основните училишта: ОУ „Гоце Делчев” од општина Илинден

Најдобар клуб од средните училишта: Гимназија „Гоце Делчев” од општина Куманово

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Агенција за млади и спорт Кире Лазаров Лина Ѓорческа Спортист на годината
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.