Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичари: Во интерес на С. Македонија и Бугарија е да се применува Договорот за добрососедство

0
By НОВА ТВ on August 1, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 1, 2021 08:56

Пред четири години на денешен ден се потпиша Договорот пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија. Договорот беше потпишан во Скопје од премиерот Зоран Заев и тогашниот претседателот на Владата на Бугарија Бојко Борисов.

Договорот, во согласност со Уставот на Северна Македонија, беше потпишан на македонски јазик, а исто така, во согласност со Уставот на Бугарија, е потпишан и на бугарски јазик. Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, чие потпишување од страна на Заев и Борисов беше оценет како историски момент, е замислен како темел за отворање на перспективите за двете земји за интензивна и цврста соработка на билатерален и мултилатерален план, унапредување на транспортните врски и комуникации, олеснување на царинските и граничните формалности, издвојување средства за регионални инфраструктурни и прекугранични проекти, олеснување на контактите меѓу граѓаните на двете држави, и најважно, силна поддршка на Бугарија за евроатлантските аспирации на земјава.

Согласно Договорот е формирана Заедничка македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, која досега одржа 14 состаноци. Последниот е одржан на 11 јуни и беше трет од предвидените пет за оваа година, а следниот е во октомври. На последниот состанок од македонска страна на средбата биле дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од различното толкување на минатото. Од бугарска страна тие предлози биле одбиени како неприфатливи и неприменливи. Бугарските историчари пак со обвинување дека македонските колеги „категорично одбиле да разговараат за конкретна историска тема“ и оти е тешко да се постигне разбирање за Гоце Делчев.

Досега заедничката мултидисциплинарна Комисија постигна договор за пет историски личности, и за три историски периоди.

Четири години по потпишувањето на овој Договор, и една и пол година од одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори, Северна Македонија е се уште заглавена на европскиот пат, овојпат со блокадата на Бугарија и нејзините барања за идентитетот, јазикот и историјата.

Во меѓувреме во Бугарија се одржаа два циклуса парламентарни избори, На првите оваа година, одржани на 4 април, не се состави влада, додека вторите, кои се одржаа на 11 јули победи партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, а вчера претседателот Румен Радев мандатот за составување нова влада му го додели на Пламен Николов од таа партија. Во меѓувреме во Софија имаше техничка влада, но разговорите не запреа, туку, како што во повеќе наврати изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи, тие беа фокусирани на меѓусекторската соработка, помеѓу линиските министерства, со цел да се  врати довербата и да се создаде амбиент што во изминатиот период на некој начин беше делумно нарушен. Османи во петокот кажа дека штом се формира нова влада во Софија, после 15 август ќе се интензивираат разговорите со цел да се направи евентуален пробив уште во септември, без, како што рече, да ги подигне очекувањата на јавноста во однос на ова прашање.

Собранието во меѓувреме усвои Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, во која се изразени „црвените линии“ во преговорите со Софија. Официјална Софија изрази разочараност што во Собранието е донесена Резолуција за македонските „црвени линии“ во преговорите со Софија. Бугарското МНР наведе дека жалат што Резолуцијата е донесена во време кога, како што наведуваат, билатералниот дијалог започнал да преминува во попозитивна фаза и изразија очекување дека Резолуцијата ќе биде објавена за да може да ја анализираат и да видат дали одговара со Договорот за пријателство што двете земји го потпишаа.

МИА разговараше со аналитичари од Северна Македонија и Бугарија, кои даваат оценка за сегашната ситуација во македонско-буарските односи, четири години по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ), на прашањето на МИА каков е впечатокот четири години подоцна и дали можеше да се постигне подобар договор, со оглед на денешната ситуација, вели дека тоа сега не е главното прашање, туку сега е важно остварување на овој Договор во добра волја.

-По војната е лесно да се биде генерал. Секако дека отпосле може да се каже дека можело да се постигне подобар договор. Меѓутоа, тоа не е сега основното прашање. Основното прашање е остварувањето на Договорот во добра волја, што е клучно за секој меѓународен договор. Она што ние сега го гледаме е дека Договорот не се остварува во добра волја, со самото тоа што Бугарија го злоупотреби за блокада на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Македонија, вели таа за МИА.

Ристевска-Јорданова, во однос на тоа дали Договорот е навистина основата да се постигне решение за билатералното прашање, оценува дека Договорот е инструмент за наметнување на бугарско решение на наметнатото прашање.

– Досега не сум видела дефиниција или попрецизно определување на „билатералното прашање“. „Билатералното прашање“ е наметнато од бугарска страна, а бугарското толкување на Договорот е инструментот за наметнување на бугарско решение за наметнатото прашање, и тоа низ евроинтегративниот процес. Во моментов Договорот е претворен во негов антипод – инструмент за негирање на идентитетот на рамноправна потписничка на Договорот, оценува таа.

Во врска со последните дебати за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Ристевска Јорданова посочува дека проблемот е што нема дебата ниту став заснован на дебата, туку само став на премиерот.

– Во нашата држава имаше научни дебати, издадени се и публикации околу промените што ќе бидат неопходни во Уставот при пристапувањето во ЕУ, при што беа проучени најдобрите практики и примери. Не се сеќавам дека имаше ваков предлог. Ова е дотолку попроблематично што вакво барање нема во Рамковната позиција на Бугарија за отворањето на преговорите со Македонија. Ставот уште повеќе иритира кога ќе се има предвид дека Бугарија не ги спроведува ни одлуките на Европскиот суд на човековите права кои се однесуваат на слободно здружување на македонското национално малцинство во Бугарија, рече таа.

Ристевска-Јорданова оценува дека за сите барања што доаѓаат од бугарска страна потребна е многу поголема внимателност, а властите мора да ги консултираат институциите, научната и пошироката јавност и да заземат став во постапка согласно нашите закони, а нејзините претставници да се воздржат од давање избрзани изјави кои може да имаат далекусежни последици.

– Во контекст на билатералниот договор со Бугарија, секако треба да се консултира и македонскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања која има најдобра слика за целината на бугарските барања во врска со Договорот (а бугарските барања се однесуваат главно на овие прашања, нема посебен интерес за другите делови од Договорот). Нашиот дел од Комисијата досега покажа капацитет на европски начин да се справува со задачата што воопшто не ѝ е лесна, вели таа.

За очекувањата од новата бугарска влада и дали може да се направи пробив годинава, и со тоа да се одржи првата меѓувладина конференција, Ристевска-Јорданова вели дека не можеме да имаме поголеми очекувања со оглед на поделените резултати од изборите и фактот дека повеќето од партиите го повторуваат веќе познатиот став.

– Бугарската политичка криза ќе трае и ние не треба да впливуваме во нивната матна вода. Треба да се концентрираме на консолидација и заврстување на нашата позиција, натамошно лобирање со државите членки на ЕУ и домашната агенда, рече таа.

Според неа, погрешно е да се концентрираме само на првата меѓувладина конференција.

– Таа е битна затоа што на неа би се претставила Преговарачката рамка – значи дека претходно треба да биде усвоена, односно Бугарија да се согласи со сега предложениот текст. Ништо друго досега не се случувало на оваа конференција. Меѓутоа, според португалскиот предлог, во нашиот случај се додаваат повеќе изјави со кои се настојува да се задоволи бугарската страна, за да се согласи за усвојување на Преговарачката рамка, а со нив веќе се релативизира содржината на предложениот документ, вели таа.

Ристевска-Јорданова потсетува дека бугарската страна во Рамковната позиција има барања кои се однесуваат и на Втората меѓувладина конференција, која досега беше фактички почеток на преговорите. Значи, истакнува таа, треба да се имаат предвид сите бугарски барања од Позицијата зашто тие претставуваат меѓусебно поврзана конструкција и целина која во суштина го негира македонскиот идентитет.

-И конечно – да потсетиме дека и досега, но особено со новата Методологија, преговорите за пристапување во ЕУ се исполнување на сѐ потешките и посложени услови поставени од ЕУ, одошто преговори во класична смисла. Ако се дозволи условеноста во пристапувањето да се претвори во наметнување на услови од страна на држава членка надвор од поставената рамка и спротивно на вредностите на ЕУ, тоа ќе го направи преговарачкиот процес апсурден и ќе има лоши долгорочни последици за нас, заклучува Ристевска-Јорданова за МИА.

Весела Чернева, заменик директор на влијателниот тинк-тенк Европски совет за надворешни односи и директор на Канцеларијата во Софија, за МИА вели дека во интерес на двата народа, и на бугарскиот и на македонскиот, е Договорот за добрососедство да види подобри времиња.

– Договорот за пријателство од 2017 е еден многу пристоен документ, којшто требаше да биде исполнет со содржината од оние кои го потпишаа. Тој требаше да ги стави на брза писта билатералните односи: политичките, но и во сите други области, истакнува таа.

Според неа, четири години подоцна речиси ништо не е направено за инфраструктурата, инвестициите, културната размена и „заслугата“ е на двете страни. -За жал, идејата дека можеме да усвојуваме закони и потоа да не ги применуваме, е многу распространета на Балканот. И за жал, Договорот спаѓа во таа категорија, вели таа.

Во однос на дебатите за внесување на Бугарите во Северна Македонија во Уставот на земјата, Чернева посочува дека кога Софија говори за правата на Бугарите во Северна Македонија, таа треба јасно да се повика на нив како посебна група.

-Друго е да кажеме „сите Македонци се Бугари, затоа не може да се малцинство“, а тоа очигледно е апсурдно“, оценува Чернева.

Во врска со актуелните случувања на бугарската политичка сцена и очекувањата дали со новата влада ќе се направи пробив во разговорите со Скопје оваа година, Чернева вели дека новиот Парламент ќе биде комплексен, но најважен сегмент за промена на бугарската позиција.

– Во него веќе има политички сили, кои се обидуваат да најдат излез од ќорсокакот – најмногу „Демократска Бугарија“ (ДБ), но има и други. Во „Има таков народ“, тонот е се уште за пронаоѓање решение, истакнува Чернева.

Таа вели дека прашањето е колку горе на дневниот ред на Парламентот ќе биде ова прашање, а тоа, според неа, не е јасно поради приоритетите околу актуализирање на буџетот, Планот за обнова, Зелениот договор итн…

Шефот на државата Стево Пендаровски не очекува во престојниот период да има некои поголеми промени во однос на спорот со Бугарија, со оглед на тоа што земјата реално во моментов нема соговорник од бугарска страна, бидејќи Софија се уште нема формирано Влада. Уште повеќе, што не е исклучена можноста во Бугарија да има и трети парламентарни избори.

И додека Севена Македонија го чека соговорникот, кандидатот за премиер на Бугарија Пламен Николов излезе со порака дека нема да водат политика на конфронтација.

Николов во гостувањето на бугарската национална телевизија БНТ, во одговор на прашањето дали ќе ја задржи досегашната позиција на Софија кон Северна Македонија нагласи дека ако формираат Влада, нема да водат политика на конфронтација.

– На никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин, или на начин кој се применува од други балкански држави. Но ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес. Како точно ќе го направиме тоа, можеби со ревизија на Договорот или со негово преразгледување. Со сигурност нема да биде насока на конфронтација, порача Николов.

Бугарија добрососедство Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.