Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитичарите сметаат Владата не направила многу околу препораките на ЕУ

0
By Нова ТВ on June 3, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 3, 2014 19:41

Во УЈИЕ во Тетово се одржа тркалезна маса на тема “Европските перспективи на Западен Балкан после изборите на Европскиот Парламент” каде учествуваа академици,професори,интелектуалци од евро интеграциските сфери од Македонија. Тие заедно имаа можност да ги анализираат и дискутираат резултатите од изборите на Европскиот Парламент и нивното влијание кон расположението на владите и граѓаните на земјите членки на ЕУ.

Заменик на Премиерот за евро -интеграции Фатмир Бесими смета дека ЕУ нема да се откаже од проширувањето кон Западен Балкан и покрај промените на составот во Европскиот Парламент,со последните избори.

-Што се однесува до интересите на регионот и европската тема во Македонија,можам да кажам дека како и за Македонија така и за другите земји од регионот,европската идеја и евроинтеграциите се идеи кои обединуваат.Ова е процес за кој сметаме дека ќе имаме придобивки – смета Фатмир Бесими.

Универзитетскиот професор Фејзула Шабани смета дека Владата не направила доволно околу препораките на ЕУ.Тој потенцираше дека ЕУ нема да ги повтори грешките кои ги направи со Бугарија и Романија кога ги прими без минималнитене политички критериуми како што се економските,културните,образовните и сл.

-Имаше забелешки за владеењето на правото,за слободата на медиумите, корупцијата, партизацијата на администрацијата и сега се поставува прашањето,што направила Владата во овој шестмесечен период за подобрување на овие услови. Имаме две спротивставени субјекти.Албански субјект кој претендира за евроатлантските структури и македонскиот кој си брои на место – вели Фејзула Шабани.

Аналитичарот Ризван Сулејмани зборуваше за регионалната соработка и потенцираше дека надворешните влијанија не треба да се рефлектираат внатре во една мултиетничка држава.Тој смета дека треба да се фокусираме повеќе кон НАТО отколку кон ЕУ.

-Интеграцијата во НАТО е многу полесно отколку онаа во ЕУ.Ние треба да се фокусираме кон атлантските интеграции да во најмала рака имаме надворешна сигурност.Не треба да бидеме наивни дека меѓуетничките и економските проблеми ќе не ги реши зачленувањето во НАТО,но во најмала рака сите овие процеси ќе се одвиваат внатре во едно заедничко семејство и нивното менаџирање ќе биде полесно – смета Ризван Сулејмани.

Универзитетскиот професор и екс амбасадор Блерим Река ги анализираше опасностите од движењата за независност на Каталонија,Шкотска,Република Венеција и сл.истакнувајќи дека Европа е уморна од новите проширувањето оправдувајќи го институционалниот,економскиот но и концептуалниот умордавајќи пример со судирите меѓу Велика Британија и Франција.

-Судирите овие денови помеѓу Велика Британија и континенталниот дел се судири кои продолжуваат веќе 6 децении,дали ЕУ ќе биде пројект на слободен заеднички пазар на што инсистира Британија или ќе биде федерален или конфедерален модел на што инсистира Франција.Земјите од Западен Балкан во иднина можеби ќе се судрат со уморот од посветеноста – смета Блерим Река.

Екс-заменик на Премиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски дискутираше за големиот број на мандати што ги освоија партиите таканаречени евро-скептици,велејќи дека ако во минатото за евроскептицизам зборуваше само еден пратеник, моментално таа бројка изнесува 120.

-Ако мислиме дека досега сме навредувани во однос на тоа што слушнавме на ЕП,за нас како Македонија,како луѓе кои живеат на Балканот,тек сега ќе се изнаслушнеме многу лоши работи.Има таму политичари кои на ксенофобна,расистичка основа ќе зборуваат против нас и сите од регионот-Македонија,Албанија,Косово,Србија итн.Од перспектива на Брисел нема повеќе голема разлика меѓу нас.Сите ние таму сме некои диви балканци и отприлика тука завршува целокупната визија на Брисел во однос на Балканот.Со таков Европски
Парламент ние сега ќе се судриме во моментот и тоа нема да биде пријатно да се слушне, вели Ивица Боцевски.

Тркалезната маса на тема “Европските перспективи на Западен Балкан после изборите на Европскиот Парламент” ја организираше Секретаријатот за европски прашања и Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.