Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аналитика: За извозно ориентираните компании, „Отворен Балкан“ нуди нови можности за економијата

0
By НОВА ТВ Balaban on December 21, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девет од десет анкетирани или 89,3 проценти рекле дека не постојат пречки за економска соработка меѓу земјите во регионот, додека 10,7 проценти навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долгото задржување на границите, обемната документација и другите административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето.

Извозно ориентираните компании сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив поради можностите за подобрување на работата и остварување на поголем раст на компаниите, покажува истражувањето што го спроведе тинк тенк организацијата „Аналитика“.

Високи 96,4 проценти од анкетираните одговориле дека иницијативата би отворила нови можности за нивната компанија, наспроти 3,6 проценти кои  го сметаат спротивното.

Компаниите опфатени во истражувањето во најголем дел сметаат дека во моментот не постојат пречки за економска соработка во регионот. Девет од десет анкетирани или 89,3 проценти рекле дека не постојат пречки за економска соработка меѓу земјите во регионот, додека 10,7 проценти навеле конкретни проблеми и пречки. Најчесто споменувани пречки се долгото задржување на границите, обемната документација и другите административни проблеми кои го успоруваат или отежнуваат работењето.

На прашањето „Дали сметате дека со иницијативата Отворен Балкан можностите за трговска размена во регионот ќе бидат исти како меѓу земјите членки на ЕУ?“, најголем дел или процентуално 63,3 од анкетираните рекле дека можностите ќе бидат исти, 30 проценти сметаат дека ќе бидат слични, но не исти, а останатите 6,7 проценти немале доволно информации за да оценат.

Според истражувањето, најголем дел од компаниите сметаат дека иницијативата „Отворен Балкан” ќе го олесни движењето на капиталот (92 проценти). Четири од десет анкетирани (41,7 проценти) сметаат дека најголемо олеснување за движење на капиталот е потребно кај директните инвестиции, потоа во личните движења на капитал (33,3 проценти) и во финансиските заеми и кредити (16,7 проценти). Дополнитлено, 79,3 проценти од компаниите сметаат дека „Отворен Балкан“ ќе го олесни движењето на луѓето во целост.

Според „Аналитика“, главните предизвици на земјите од Западен Балкан се зајакнување на добрососедските односи, посилна борба со корупцијата и организиралниот криминал, владење на правото и продолжување на реформите за влез во ЕУ.

Истражувањето е изработено во рамки на проектот „Економска интеграција на Западен Балкан – мини-шенген, регионална економска соработка и заеднички регионален пазар – мапирање на напредокот – можност за приближување на Северна Македонија кон внатрешниот пазар на ЕУ”, што го спроведува Аналитика – Скопје, со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Аналитика истражување компании отворен балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.