Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Буџетски пари за вработување – кои се ефектите?

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јавни огласи во кои делумно се наведуваат критериуми за конкурирање, ризици за избор на апликанти, недоволна транспарентност – ова се дел од наодите  во спроведената државна ревизија  со која се дава оценка на  “Ефикасноста на политиките и активностите за вработување на млади лица до 29 години , предвидени во програмата за субвенционирање на вработувањата“, пишува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Државниот ревизор ги опфатил Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Центрите за вработување во Скопје, Крива Паланка, Велес, Св Николе и Куманово. Ревизорските наоди се однесуваат на периодот од 2013 година до денот на изготвување на извештајот.

 Планирани, а нереализирани вработувања

 Преку оперативните планови на Владата за поттикнување на вработувањата се наведени програмите, мерките, целните групи за вработување, како и потребните средства и извори на финансирање, но сепак, ревизијата констатира слабости во делот на јавните огласи. 

 “Со извршената ревизија констатиравме дека во јавните огласи делумно се наведуваат условите и критериумите кои се утврдени во оперативните планови, што претставува ризик за начинот за избор на апликантите“ – се наведува во извештајот и се додава:

 “Постои ризик при проверка на податоците на работодававачите во однос на исполнетост на условите од Оперативниот план, да се одбори пријава на работодавач кој не ги исполнува условите имајќи предвид дека софтверската поддршка не обезбедува целосни контроли на условите и кртитериумите“

 Со мерката “Субвенционирање на вработувањата“ во 2013 година било планирано да се опфатат 746 невработени лица за што биле одвоени 862 000 евра. Бруто платата на секое вработено лице, според ревизорите, изнесувала 13 000 денари за период од 18 месеци, од кои 6 месеци на трошок на државата а 12 месеци – на трошок на роботодавачот. Според ревизорот, наспроти планираното, биле вработени 638 лица а од нив само 285 биле млади до 29 години. За оваа мерка биле објавени два огласи, во кои според ревизорот има отстуство на дел од критериумите.

 “Другите критериуми кои се утврдени во Оперативниот план не се наведени во огласите што упатува на недоволна транспарентност и претставува ризик за начинот на избор на апликантите.“ – нотира ревизорот.

 Со Оперативниот план за 2014, преку оваа мерка било планирано вработување на 527 лица за што се одвоиле 696 000 евра, но на крајот биле вработени 427 лица а од нив 222 биле млади, пишува Порталб.мк

 Ако се сумираат резултатите само од оваа мерка, од вкупниот број на реализирани вработувања 47,6 отсто биле млади луѓе.

 По нацрт-извештајот на ревизорот, Агенцијата за вработување доставила забелешки и истите се разгледани и како што соопштува Државниот ревизор, е констатирано дека првата забелешка претставува известување за преземени мерки а другата забелешка не била прифатена.

 Какви ефекти дадоа мерките за вработување на млади лица?

 Неодамнешното истражување со наслов “Субвенционирано вработување на невработени млади лица до 29 години преку ослободување од придонеси“ на “Finacethink“ покажа дека на удар на невработеноста се токму најмалдите и кај нив е регистрирана најдлабока стапка на невработеност, што се смета за клучна причина, односно мотив за исселување. Според истражувањето, повеќе од 48 отсто од невработените се млади, од 15 до 24 години.

 “Посебно се неповолни показателите за степенот на невработеност кај младите луѓе до 29 години (се работи за возраст непосредно после оформувањето на формалното образование). Невработеноста на овие години претставува една од главните причина за заминување на младите луѓе во странство. Мотивот е јасен – се бара вработување. Вработувањето на младите луѓе во татковината ќе го намали трен-дот на иселување, но исто така ќе влијае позитивно и на повеќе сегменти од општествено-еко-номскиот живот во државата“, се посочува  во анализата.

 Истражувањето, повикувајќи се на информации добиен преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, открива дека бројот на невработени млади лица до 29 години на 14.01.2016 година изнесувал 28 080 лица, од нив       13 007 се жени, а 15 073 лица се мажи.

 Ова според економистот Павле Гацов, кој беше дел од тимот истражувачи, истражувањето на ефектите од мерката, покажаува дека државата, во овј концепт за субвенционирање на вработувањата, на крајот нема ниту загуба ниту добивка.

“Оваа мерка најпрво се потпира навладина политика за субвенционирање, ова значи дека државата, преку Буџетот директно учествува со поддршка. Но ако се навлезе длабински, парите што државата ги плаќа за придонесите практично завшуваат во касите, повтрно на државните институции, што значи дека се става од лев во десен џеб, во ист кош. Сумираните податоци, трошокот и бенефитот на државата, на крајот упатуваат на тоа дека за неа ефектот е нула“, оценува Гацов.

 Според Гацов, овие модели за поддршка на вработувањата се позитивни, но мора да се размислува на одржливи решенија, односо ваквата мерка да не биде само “инфузија“, со ефекти на краток и среден рок. Мерката за вработување на млади лица до 29 години беше промовирана како стратешка, насочена токум кон младите кои во потрагта по подобар и поквалитетен живот, ја напуштаат земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.