Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Големи инвестициски планови – дали ќе се остварат

0
By Нова ТВ on October 3, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште една амбициозна “инвестициска“ година се најавува со Буџетот за 2017. Според новите проекции, до година нивото на капиталните, односно државните инвестиции е проектирано на 432 милиони евра, и е едно од највисоките досега.

Во исто време, во буџетската 2017 година се предвидува и раст на Бруто-инвестциите, пишува неделната економоска анализа на Portalb.mk.

Според дел од економистите, очекувањата  на хартија од една страна  и нивната реализација, од друга страна, се сосема две различни работи.

Се проектира многу- се остварува недоволно ….

Догодина, за капитални расходи, со новиот Буџет се планирани средства во висина од 432 милиони евра, што во однос на годинашните буџетски проекции е раст од 71,6 милиони евра. Годинава, со двата ребаланси најпрво се скрати токму од ставката за капитални расходи, која се сведе на 366 милиони евра. Освен што најпрво се проектираат на високо ниво а потоа се кратат, според дел од економистите, проблематично е и остварување на планираните расходи по овјо основ.

“Нема шанса да се реализираат капиталните инвестиции. Тоа не се случи ниту лани, нема ниту годинава а нема ниту догодина. Ние сме сведоци дека кога се проектираат капиталните расходи, исто како и кај приходите, тие се пумпаат за да изгледаат добро а потоа кога нема да може да се остварат, а Владата тоа однапред го знае, повторно се измислуваат некои причини. Капиталните инвестции најмногу се реализираат од 40% до 50% во однос на тоа што е планирано“, вели за Portalb.mk универзитетскиот професор Ванчо Узунов.

Според достапните податоци за реализација на Буџетот, до крајот на јуни, односно заклучно со првото економско полугодие, реализирани се капитални инвестиции во вредност од 128 милиони евра, или само 35% од сумата планирана со последниот ребаланс.

Оваа практика, според буџетските информации се случува и во изминатите години. Така, лани, со ребалансот на буџетот биле проектирани 361 милион евра за капитални инвестиции а годината завршила со остварување од 303 милиони евра.

Капиталните инвестции се значајни за развојот, но едно од прашањата е и што се се вбројува под ставката “капитални расходи“, велат економистите, посочувајќи на тоа дека дел од новото создадениот долг е последица и на реализиација на непродуктивни проекти. Од идната Владат се очекува да направи Стратегија не само на три, тука на пет години со која точно ќе се дефинираат фискалните таргети, односно границите на идните задолжувања со цел да се одржи макроекономската стабилност,  коментира за Portalb.mk универзитетскиот професор Благоја Спиркоски.

“Нас не ни е време да се подготвуваме за консолидација на трошењата, туку треба веднаш и итно да преминеме на консолидација. Ние сега немамае фискален таргет, и клучно прашање е каков е нашиот фискален капацитет за сервисирање на долговите. Со вакво ниво на задолжување, ние се соочуваме со многу сериозне проблем на брз раст на даночната основа во иднина затоа што е во прашање тековната ликвидност на државата во однос на покривањето на јавниот долг“, вели професорот Спиркоски.

За кои проекти колку ќе се троши …

Во Предлог-Буџетот за 2017 година се вградени почнати а досега нерализирани проекти, дел од нив се однесуваат на инфраструктура а дел повтроно ги опфаќаат зградите од проектот “Скопје 2014“.  “Порталб“ објавува дел од предвидените проекти, заедно со проектираните суми за во 2017 година:

За зградата за Јавната администрација, Факултет за драмски уметности и Градска куќа, како и за изградба на објект за потребите на Државниот завод за ревизија предвидени се скоро 12,3 милиони евра.

За модернизација во Министерството за одбрана, со која е опфатено техничко доопремување и функционално поврзување на комуникациско-информатичките системи заедно со набавка на информатичка опрема и подобрување на постоечкото ниво на борбената способност на АРМ планирани се 18,2 милиони евра.

За Проектот „АРМ- мој вистински дом„ како и реконструкција и адаптација на дотраените објекти и инсталации со Буџетот за 2017 се предвидени 617 886 евра.

За проектот “Реформи на полицијата“ преку кои ќе се овозможи креирање на современа полиција, согласно ЕУ стандардите со Буџетот за 2017 година се предвидени речиси 8,8 милиони евра.

За изградба, реконструкција и опремување на казнено-поправните установи ќе се потрошат речиси 1 милион евра.

За Технолошки индустриски развојни зони, односно за изработка на проектна документација и градба на основна внатрешна и надворешна сообраќајна и техничка инфраструктура се планирани 4 милиони евра.

За надградба и реконструкција на управна зграда на Министерството за транспорт и врски и со новиот Буџет се предвидени средства во висина од 2,1 милион евра.

И проектот “Гасификација“ фиурира во новиот Буџет со планирани средства од 31,2 милиони евра.

Проектот “Жичара“, односно за  дозавршувањето на изградбата на жичницата за превоз на лица со кружни токови на трасата, придружни објекти се предвидени 3215 000 евра.

За изградба на плажи во Дојран, Преспа и Охрид во Буџетот за 2017 година се предвидени 1,3 милиони евра.

За проектот  “Подобрување на железничката пруга Коридор 10“, рехабилитација на железничката пруга Коридор 8 – делница Куманово – Бељаковце, рехабилитација и изградба на нова пруга Коридор 8 – делница Бељаковце – Крива Паланка планирано е да се потрошат 19,3 милиони евра.

За превод на нови 500 стручни и научни книги и учебници се планирани 1,6 милиони евра.

За изградба на плоштадот Скендербег се планирани 3,4 милиони евра.

За вршење на градежни работи и реконструкции во објекти на Владата на Република Македонија планирано е да се потрошат 733 000 евра.

Според буџетските проекции, во 2017 година се очекува и раст на Бруто инвестициите за 4,5 %. Економскиот раст според новите прогнози ќе изнесува 3 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.