НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Имотната состојба на функционерите – лажна или вистинита?

0
By Нова ТВ on June 15, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И по завршување или повлекување од функција, функционерите имаат законска обврска да достават анкетен лист за имотната состојба за да се види со колку капитал дошле а со колку капитал заминале од функцијата, оценуваат експертите за Порталб.

Во базата на Државната комисија за спречување на корупцијата, по оставките на Јанкуловска и Јанакиевски беа повлечени нивните анкетни листови откако известиле дека им престанала функцијата. Колку анкетните листови вистинито ја прикажуваат имотната состојба на функционерите?

И по министерските оставки, јавноста мора да има увид во имотната состојба…

Не само законска регулатива, туку и голема политичка волја е потребна за да се контролира, следи и објeктивно објавува имотната состојба, односно богатството на функционерите, велат експертите откако опозицијата објави аудио материјали поврзани со имотната состојба на истакнати сегашни и поранешни владини функционери.

– Законската регулатива е јасна, секоја избран и именуван функционер, директор, носител на јавна функција и така натаму, има обврска во Анкетниот лист да го пријави својот имот и имотот на негововото семејство. Вака поставената регулатива е јасна и нема пропусти. Дополнително се предвидени и казни кои се движат од 500 до 1000 евра ако не се пријавува или лажно се пријавува имот. Тука е законското решение според кое се предвидува и 70 процентно даночење за имот кој е стекнат со неоданочени пари. Закони има а нив пред се треба да ги спроведува Државната комисија за спречување на корупцијата. Прашање е колку и дали се спроведуваат законските решнија, вели за Порталб, универзитетскиот професор и еден од поранешните антикорупционери Ариф Муса.

Според информациите од последниот годишен извештај на Антикорупциската комисија, лани биле доставени 441 анкетен лист по избор или именување на функција, 238 анкетни листови по престанок на функција, 45 известувања за промена на функцијата и 91 за повторен избор. Во истиот овој период добиени се 384 пријави за промена на имотната состојба.

– Во извештајната 2014 година ДКСК, согласно со законските надлежности против 51 избрани и наименувани функционери до надлежниот суд поднесе барања за поведување прекршочни постапки поради недоставување анкетен лист, односно непријавување промени во имотната состојба. Во овој период по овие и по претходно поднесените барања судовите донеле 32 одлуки. ДКСК и натаму има тешкотии со обезбедување на основните податоци (ЕМБГ и адреса на живеење) за функционерите кои не поднеле Анкетен лист, а за кои треба да се поднесе прекршочна пријава, се посочува во извештајот на ДКСК.

По оставките на тројца владини функционери, во базата на комисијата беа повлечени анкетните листови на министрите Јанкулоска и Јанакиески, додека анкетниот лист на Мијалков сеуште е достапен. Експертите велат дека и по повлекување од функцијата, функционерите имаат оврска да достават нов анкетен лист кој ќе содржи информации за имотната состојба во моментот на напуштање на функцијата, за да може да се направи споредба со имотната состојба кога дошле на функција.

– Постои законска обврска според која и по престанок на функцијата, функционерот во рок од 30 дена мора да достави нов анкетен лист, една копија во Државната комисија за спречување на корупцијата, друга во Управата за јавни приходи. Имено тоа е анкетен лист кој треба да ги содржи комплетните податоци за имотната состојба и промените во неа и тој во определен временски период треба да биде достапен на јавноста за да се види, односно да се направи споредба меѓу капиталот, односно имотот со кои дошле и имотот со кој заминале функционерите од позицијата, вели за Порталб, професфорот Муса.

Прашањето дали и колку анкетните листови веродостојно ја одразуваат имотната состојба на функционерите се отвори откако опозициската СДСМ со објавување на аудио материјали обвини дека, сега веќе поранешната министерка, Јанкулоска и министерот за финансии Ставрески располагаат со имот кој не е евидентиран.

Уште во 2013.година, поратпаролот на СДСМ праша за тогашната прва полицајка за краток временски период се стекнала два стана на улицата “Димче Мирчев“. Тогаш Јанкулоска се огласи писмено:

– Немам купено станови од 214 квадратни метри. Имотниот лист го докажува тоа. Не е точно дека немам подигнато долгорочен кредит. Договорот со Шпаркасе банка го потврдува тоа. Државната комисија за спречување на корупција го потврди тоа. Петре Шилегов лаже, пишуваше во рекацијата а случајот заврши на суд.

Првичната пресуда која судот му ја изрече на Шилегов беше тој да плати нешто повеќе од осум илјади евра оштета на Јанкулоска поради нарушувуање на честа и угледот со тврдењата изнесени на партиска прес-конференција дека не ги пријавила становите со кои располага. Јанкуловска тогаш иако не се појави на суд сепак на прес конференција изјави дека била задоволна од пресудата.

Во текот на мај, пресудата за Шилегов беше укината од Апелацискиот суд со образложение дека немало основа за клевета, бидејќи податоците за имотот на Јанкулоска се добиени од државни институции.

Во текот на 2014. година ДКСК до Управата за јавни приходи доставила вкупно 58 барања за поведување постапка за испитување на имот и имотна состојба на избрани и наименувани лица.

– Според известувањата од УЈП завршени се 37 постапки за испитување на имотот и имотната состојба. Од нив 35 постапки се запрени со заклучок, бидејќи е утврдено дека лицата против кои е поведена постапката немаат стекнато и не поседуваат имот што е поголем од оданочените приходи, односно имотот што го поседуваат потекнува од приходи што биле предмет на оданочување и претставуваат легално стекнат имот. Во еден случај е донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 4,9 милиони денари. Во друг УЈП има донесено решение со кое лицето се задолжува со персонален данок на доход по основ на непријавени и неоданочени приходи во износ од 4, 5милиони денари .Тоа значи дека од надлежното постапување на ДКСК во државната каса по основ на неплатени даноци се слеале 9,4 милиони денари, се наведува во годишниот извештај на комисијата.

Дали законската регулатива и висината на казните не се доволни да ги обврзат функционерите реално да го пријавуват имотот – прашање кое се наметнува со оглед на податоците што се прикажани во дел од анкетните листови. Така, постојат функционери, именувани или избрани кои на пример не поседуваат сопствен дом, возило а некои немаат ниту сметка во банка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.