Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Каде е “црвената линија“ за задолжување?

0
By Нова ТВ on July 6, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Банкротот на Грција, заедно со последните податоци на Народната Банка дека Македонија кон странство должи 6,2 милијарди евра, што ја вбројува економијата во групата на “високозадолжени“, ја отвори дилемата до каде е “црвената линија“ до која може да се задолжуваме и дали земјата ја загрозува финансиската кондиција за навремена отплата на идните кредити. Дел од експертите велат дека прашањето за стабилноста е исклучително важно, особено ако се земе предвид фактот дека полека се менува и рочноста на задолжувања, односно се земаат кредити што ќе се враќаат по една, две или три децении.

Дали ја знаеме реалната состојба со долговите?

Според нивото на Јавниот долг, кое на крајот од првиот квартал од годинава изнесува скоро 44% од Бруто домашниот производ, или во апсолутна бројка 3,9 милијарди евра, Македонија се уште е во групата на “умерено“ задолжени економии. Од друга страна, податокот дека Бруто надворешниот долг изнесува 6,2 милијади евра или 68,8% од БДП, ја вборјува земјава во “високозадолжени“ економии. Економистите сметаат дека, со сегашното темпо на задолжување Владата значајно го искористи просторот за земање на нови кредити.

– Кога го анализираме долгот кон странство и кон дома, пред се треба да се земат предвид неколку трендови. Прво, кое е нивото на јавниот долг. Податоците покажуваат дека од 2008 година па наваму задолженоста е во пораст, а лани со ниво од 46% од БДП ја достигна највисоката граница. Второ, треба да се анализира каде и за што се потрошија земените кредити, и воопшто за што се направија задолжувањата. Трето значајно прашање е оценката за кондицијата на македонската економија навремено и редовно да ги сервисира идните доспеани долгови“, објаснуваат економистите за Порталб .

Според Владата, простор за загриженост нема бидејќи Македонија сеуште била во групата на средно задолжени земји.

– Јавниот долг на Република Македонија изнесува 43,6 проценти, а државниот 36 проценти од Бруто домашниот производ. Согласно овие податоци, Македонија е четврто најниско задолжена земја. Македонија води и понатаму ќе води политики на прудентно управување со јавниот долг, со што ќе го одржи долгот на умерено и стабилно ниво, се огласи Министерството за финансии.

Според податоците од ресорното министерство, по завршување на првите три месеци од годинава, надворешниот јавен долг изнесувал 2,6 милијарди евра а внатрешниот јавен долг бил 1,3 милијарди евра. Во овие задолжувања се вклучени и кредитите на јавните претпријатија и државните фирми за кои гарантира државата. Она на што упатуваат економистите е сегашната методологија за пресметка на долгот, која не ги опфаќа на пример долговите на државните фирми или јавни претпријатија кои земале кредити, но за кои нема државна гаранција, иако и тие се под државна капа.

Во новата пресметка за јавниот долг не се вклучени ниту задолжувањата на Народната банка, па оттука се отвора прашањето дали со нашиот модел за пресметка на долговите можеме да правиме споредба со останатите европски економии.

Кредити на 10, 15, 20 години – како ќе се враќаат?

Примерот со предвремената отплата на долгот кон ММФ покажа дека Македонија може да ги сервисира обврските, но мора да се мисли и на идните генерации, оние кои треба да ги враќаат сегашните кредити, велат експертите.

Задолженоста мора да се анализира во пакет со очeкувања за економски раст, односно колку економијата ќе расте, а со тоа и колку ќе биде финансиски способна да ги враќа долговите. Со сегашните стапки на раст на БДП кои се движат колку 3 или 3,5 отсто, позначаен исчекор не може да се очекува ниту за граѓаните, ниту за компаниите, оцени неодамна стопанственикот Горан Рафајловски.

-На Македонија и е потребна стапка на раст од најмалку 8% до 10%. Сметам дека единствено овие стапки ќе значат и вистински пораст за економијата. Но важно е дека тие треба да се одржуваат во континиутет од повеќе години за граѓаните да почуствуваат подобар животен стандард, подобра финансиска кондиција за команиите, зголемување на кредитирањето, смета Рафајловски.

Она што дополнително е во фокусот е структурата на долговите, особено откако Владата почна со долгорочни задолжувања на домашен терен, со продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од десет или петнаесет години.

Така, според анализата на “Порталб“, долгорочните задолжувања на домашен терен почнуваат во јуни 2014 та година, кога Владата зема заеми со рок на допсевање од дест години а во февруари годинава ги продаде и првите обврзници со рок на доспевање од 15 години. Според најновите мајски покажатели, од ниво нула, сега учеството на здолжувањата што ќе се враќаат по 15 години изнесува 2,8% а дестгодишните обврзници во внатрешниот долг учествуваат со 5,2%. Пораст има и кај долговите со рок на доспевање од три години, кои учествуваат со 10%.

Заклучно со првиот квартал од годинава Бруто Надворешниот долг на Македонија, во кој е вклучен долгот на Владата, на фирмите, на банките, граѓаните,осигурителните компании, Народната банка, изнесува речси 6,2 милијарда евра. Во однос на состојбата на крајот од декември, 2014 година, заклучно со март, долгот е зголемен за 230,8 милиони евра. Кон странство најголем должник е Владата со долг од 2 милијарди евра,следуваат компаниите, осигурителните компании, домаќинствата кои должат 1,9 милијарди евра, зад нив според висината на задолженоста кон странство се банките со долг од 602 милиони евра и на крајот е Народната Банка со долг од 336,7 милиони евра. Според рочноста на кредитите, најголем дел од надворешниот долгот или 4,6 милијарди евра се долгорочни задолжувања а 1,5 милијарди евра се краткорочен долг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.