Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Каде се буџетските пари за судството и општините

0
By Нова ТВ on August 29, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помалку пари за судската власт од планираното. За една година – владините расходи заголемени за 20,1%. Отсуство на стратешки планови и планови за систематизирани и пополнети работни места, како и планови за јавни набавки кај дел од буџетските корисници. Ова се дел од наодите на Државниот ревизор изнесени во “Конечен извештај на овластен државен ревизор – Основен Буџет за 2015“ година, пишува новата економска анализа на Portalb.mk.

“Планирањето  и извршувањето на Основниот Буџет 2015 година е одговорност на раководството на субјектот застапувано од Зоран Ставрески, потпретседател на Владата и Министер за финансии“, се вели во ревизорскиот извештај.

Голем дел од резвизорскиот извештај е посветен на буџетските пари кои требале, а не завршиле за судската власт.

“Утврдивме дека со воспоставената динамика на одборување на средства во рамките на Буџетот на судската власт не е достигнато законско утврденото ниво на буџетот предвиден за судската власт во висина од 0,8% од Бруто домашниот производ“ – констатира ревизорот.

Така, во 2012 година за судската власт требало да се одвојат  средста  во висина од 0,5%, а реализацијата била 0,45%. Потфрлување и во  2013 година кога наместо   0,6% се одвоиле 0,39%. Во 2014 година пак за судската власт биле потребни  0,7% од БДП а завршиле 0,41%. Слична е состојбата и во 2015 година, кога обврската била да се одвојат најмалку 0,8% од БДП а се одвоиле само 0,38%.

“Ваквиот начин на планирање и финасирање на судската власт создава ризик за целосно обезбедување на стабилно, долгорочно, рамномерно и соодветно финансирање на судската власт“ – наведува ревизорот и препорачува:

“Министерството за финансии во соработка со надлежните институции и Судскиот буџетски совет да преземат активности за обзебедување на средства за судската власт во Буџетот во висина утврдена со одредбите од Законот за судскиот буџет“.

Дополнително, според регулативата, буџетот за судската власт, според ревизорот не може да се намалува и во случај на ребаланс на Буџетот.

Фискалната стратегија, како еден од стратешките докумени значајни за Буџетот и економските прогнози, според ревизрот се носела со задоцнување. Така, за овој документ рокот бил 31 мај, 2014 година а се усвоил пет месеци подоцна, на 3 октомври 2014 година. Слично отстапување има и за “Одлука за стратешки приоритети за наредната година“, во случајов за  2015 година, со што наспроти утврдениот рок за носење на 15 април овој документ бил усвоен на 9 септември.

И во овој ревизиорски извештај се констатирани одредени слабости кај буџетските корисници.

“Дел од буџетските корисници немаат доставено тригодишни стартешки планови кои се основа за подготвување на буџет“ – се наведува во ревизорскиот извештај во кој се нотира и забелешка за начинот на ситематизација на работните места и јавните набавки, пишува Portalb.mk.

“Планот на систематизирани и пополнети работни места на буџетските корисници, како и планот за јавни набавки, не се доставувани од страна на дел од буџетските корисници“ – нотира ревизорот и посочува на ризици:

“Со доставување на нецелосни буџетски барања, буџетските корисници се соочуваат со ризик, донесениот Буџет од страна на Министерството за финансии да не е во сооднос со нивните реални потреби за реализација на поставените цели“

Управувањето и извршувањето на Буџетот за 2015 година, во делот на планирање и извршување на расходите и другите одливи и планирањето и извршувањето на приходите, според ревизорот, во најголем дел биле во согласност со износите утврдени во рамките на одборените буџети на одделни буџетски корисници, освен во делот на трансферите до единиците на локалната самоуправа и средствата во рамиките на буџетот за судската власт.

Ревизорот констатира дена во 2015 година во споредба со 2014 година, расходите биле зголемени за 20,.11 % додека во однос на 2013 порастот изнесувал 20%. Така, во однос на 2014 трошењата по основ “резерви и недефинирани раходи“ се зголемиле за 401,5% а за плати и надоместоци за 6,93%. Раст на трошоците има и за камати и отоплата на главнини по основ на долгови.

Лани, државната ревизија утврдила дека капиталните во однос на 2014 година се намалени за 3,02 отсто додека во однос на 2013 година намалувањето било 4,69%.

Министерството за финансии доставило забелешки во однос на ревизорскиот извештај.

“Од страна на раководното лице во Министерството за финанасии добиени се забалешки на Нцрт извештајот на државниот ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека дел претставуваат известување за утврдените состојби, дел делумно се прифаќаат и дел не се прифаќаат“ – наведува ревизијата.

Од дадените седум препораки по ревизијата во 2014 година, според ревизорот, утврдено било дека четири препораки се во тек на спроведување, една е целосно споведена и две препораки не биле спроведени.

Со овој ревизорски извештај е направена ревизија на Основниот буџет за 2015 година но било опфатено и спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2014 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.