Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Како работеле државните фондови за здравство и за пензиско

0
By Нова ТВ on September 19, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод ја скенираше работата на двата државни фондови: за пензиско и инвалидско осигурување и за здравствено осигрување. Ревизијата констатирала неправилности и во одредени случаи и прекршувања на законите и прописите. Еве што нотирале ревизиорите:

Проблеми при плаќањата за извршени здравствени услуги, отсуство на евдиденција за реални трошоци, сектори без директори, нееднаков третман на вработените – ова се дел од наодите нотирани во ревизорскиот извештај за Фонодот за здравствено осигурување.

“Пет од девет сектори функционираат без директор и контролите се пренесени на пониско хиерархиско ниво, што не е во согласност со Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и создава ризик од несоодветно разграничување на дел од одговорностите и несоодветно реализирање на активностите на секторите“ – се вели во ревизорскиот извештај, пренесува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Проблеми се лоцирани и при трансферот на пари за извршени здравствени услуги.

“Фондот наместо да ги надоместува извршените здравствени услуги е принуден да обезбеди средства за целосно функционирање на оние јавни здравствени установи кои не се во можност да остварат доволен обем на услуги или да се вклопат во спотоечкиот систем на вреднување на здравствените услуги“.

Во ревизорскиот извештај се нотирани и референтните цени на лековите.

“Во отсуство на евиденција на реалните трошоци за здравствени услуги, Фондот не е во можност да направи целосна ревизија на референтните цени, ниту пак Јавните здравствени установи можат аргументирано да иницираат и издејствуваат промена на утврдените референтни цени иако со Методологијата тоа е дадаено како можност“, посочуваат ревизорите.

Ревизијата упатува и на начинот на кој се реализирале дел од вработувањата.

“И покрај истекот на законски предвидениот рок, не се донесени поединечни акти, договори з авработување согласно Законот за административни службеници поради што не е обезбедена усогласеност на бодовите за пресметка на платите на вработените во Фонодт со истите во останатите државни институции на исто ниво, што укажува на нееднаков третман на административните службеници“

Меѓудругото, раководните лица во Фондот на овие забелешки возвратиле со одговор дека вработувањата ќе бидат регулирани, но се чекало на законски измени.

“Фондот има доставено предлог измени на Законот за задравствено осигурување и во процедура е негова измена по чие донесување се очекува Фонодот да пристапи кон склучување на договори на своите вработени“ – му пишал Фондот на државниот ревизор.

За надминување на утврдените состојби до одговорните лица на Фондот ревизијата дала препораки за преземање на соодветни мерки и активности.

“Од страна на раковдните лица на Фондот добиени се забелешки на Нацрт извештајот, истите се разгледани и е констатиранод ека во најголем дел претставуваат известување за преземените мерки по дадените препораки на овластениот ревизор“ – пишува во извештајот на државната ревизија.

Ревизијата на финансиските извештаи опфаќа период во кој Фондот бил менаџиран од различни директори: Маја Парнарџиева-Змејкова , Џемаил Мехази, Кристина Христова, Орхан Рамадани и Сашо Стефаноски

За навремена исплата на пензиите, Фондот за пензиско осигурување,  секој месец земал позајмици од Буџетот, кои потоа тековно ги враќал со пари од сметката на која се врши уплата на придонесите – констатира државната ревизија нотирајќи дека во 2015 година имало и проблеми со префрлување на средствата на приватните пензиски фонодви, пренесува неделната економска анализа на Portalb.mk

“Фондот по извршената распределба нема дозначено средства од уплатениот придонес од ПИО на вториот пензиски столб, односно на приватните пензиски фондови во износ од 838 704 000 денари кои се евидентирани како обврска само на крајот на годината (2015). Утврдената состојба влијае на начинот на користење на средствата и оневозможување на приватните пензиски фонодви благовремено да располагаат со средствата“ – констатираат ревизорите.

Дури 2,4 милиони евра се сметаат како сомнителни и спорни побарувања кои се однесуваат на исплатени пензии по смрт на корисникот на пензија,  за кои се оформиле и предмети за тужба.

“Меѓутоа и покрај преземените мерки за наплата на побарувањата по основ на поднесени тужби, наплатени се 76 00 евра или само 3% од утврдените побарувања“ – се наведува во ревизорскиот извештај за ПИОМ и се додава :

“По извршената проверка на воспоставените контроли при исплата на пензиите, ревизијата констатира дека и покрај преземените активности за воспоставување и функционирање на системот на интерни контроли (доставување на потврди за живот, школски потврди, исплата на солидарен фонд) исплата на корисник на пензија може да се изврши и по истекот на законски утврденото право. Причина за ваквата состојба е необезбедени навремени, точни и целосни информации од надлежните институции и електронска форма на податоци во Фондот. Утврдената состојба создава ризик да се изврши исплата на пензиски примања на починати корисници на пензија во и надвор од РМ, претплата по основ на времени инвалидски пензии и исплата на корисници на семејна пензија – деца по престанување на школувањето”,

Ревизорот препорачува раководното лице да преземе дополнителни активности и зајакнување на контролните мерки за навремено откривање и постапување по утврдените неправилности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.