НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Ќе има ли истрага за начинот на кој се користеле ИПА фондовите?

0
By Нова ТВ on March 28, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе има ли истрага за парите од ИПА фондовите по најавата на посредникот во меѓупартиските договори Питер Ванхауте, дека постојат индиции дека 40 отсто од средставата се користеле незаконски.

Дел од експертите коментираат дека треба да се очекува можна истрага од европските институции, пишува Порталб.мк неделната економска анализа.

Што може да се очекува од европските инститциии?

Освен се уште проблематичното ниво на искорстеност на парите од ИПА фондовите, сега во најава е и можна истрага за тоа како и каде се трошеле европските средства. Според дел од експертите, изјавата на посредникот во меѓупартиските договори Питер Ванхауте, дека постојат индиции оти 40 отсто од парите се користеле незаконски, Македонија можно е да се соочи со големи проблеми.

Познавачите што ги консултираше “Порталб“ велат дека очекувано би било отворање на истрага од страна на европските институции, кои доколку располагаат со вакви сознанија за можни злоупотреби, нема да го премолчат евентуалниот криминал.

– Во однос на одговорноста за наводите кои ги спомена господин Ванхауте, мислам дека има можност за ангажирање на Европската канцеларија против измама (популарно ОЛАФ) која е надлежна за истраги поврзани со измами на сите средства кои доаѓаат од Буџетот на ЕУ вклучувајќи ги и претпристапните фондови за државите кандидатки, како Македонија. Впрочем, истражителите на ОЛАФ имаат постапувано веќе во неколку претходни ситуации кога постоел сомнеж за измама во случаите на управување со европските фондови за европски образовни програми и мобилност, како и претпристапната помош во инфраструктурните проекти (случајот Актор), вели Бојан Маричиќ од Меѓународниот центар за европско образование и додава:

– Како резултат на такви и слични истраги две години беа суспендирани европските пари за Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Сепак, целта на оваа реакција на господин Ванхауте не верувам дека е за да се суспендираат фондовите за Македонија, туку напротив за да овие пари завршат таму кадешто се наменети, за реформи и европеизација, наместо во затворен круг на луѓе и структури кои немаат никаква врска со реформи и напредок на државата.

Минатата недела во интервју за “Сакамдакажам.мк“ посредникот Питер Ванхауте изјави дека постојат сведоци што се подготвени да кажат и оти до 40 отсто од парите во ИПА фондовите треба да се враќаат во кеш поради незаконско користење.

– Во прашање е многу голема корупција и можам да кажам дека дојавувачите на информации имаат волја да дојдат во Брисел и да сведочат за злоупотреба на европските фондови. Нема да се откажеме. Имаме свиркачи и ќе дејствуваме, изјави Ванхауте

Каква е состојбата со (не)искористеноста на парите од ИПА?

Искористеноста на средствата од Инструментот за претпристапна асистенција ИПА1, за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто. Имено, според податоци од Владата вкупната сум на повлечени пари изнесува 614,7 милиони евра, пришто се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. До крајот на 2017 година остануваат да се исористат уште 97 милиони евра од оваа програма, пишува Порталб.мк.

Според вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, искористеноста на парите од ИПА 1 е во пораст, односно од 2013 година, кога степенот на искористеност бил околу 34% сега се зголемил на скоро 62%.

– Во 2013 година степенот на искористеност изнесувал 34,2 отсто, во 2014 година – 45,8 отсто, а во 2015 година – 61,8 отсто. Досега се реализирани 2.600 проекти на државно и на локално ниво. Со ИПА1 беа опфатени проекти за зајкнување на институционалните капацитети, за зајакнување и за градење на децентрализиран систем, релизација на приоритетите на Владата за проширување и за евроинтеграција, изјави неодамна вицепремиерот Бесими.

Иако според податоците од Владата, напредува исористеноста од ИПА1, Евроамбасадорот Аиво Орав неодамна потсети дека земјата сепак не успева да ги исцрпи сите достапни средства, истакннувајќи дека само лани државата изгубила 44 милиони евра од овие фондови.

– ЕУ-фондовите треба да бидат искористени за вистински приоритети, а не за непотребни работи. Со овие средства ќе продолжи зајакнувањето на институциите, конкуренцијата, инфраструктурата, со што ќе се подобрат резултатите на долгорочен план, оцени евроамбасадорот Орав.

Со ИПА2 е опфатен периодот 2014-2020 година во која на Македонија и се достапни 664 милиони евра, пари кои главно се таргетирани за поддршка на осум сектори меѓу кои владеење на правото, социјални полтики, траснпорт, животна средина, рурален развој и друго.

Сумирано во земјава во овој момент се активни две програми: едната ИПА1 2007-2013 и втората ИПА2 2014-2020 година. ИПА1 е наосчена кон за зајакнување на институционалните капацитети, во пет компоненти, со вкупно средства на располагање 263, 6 милиони евра и ИПА2 со вкупни средства 664 милиони евра, пишува Порталб.мк.

– До крајот на 2017 година во рамки на ИПА програмата 2007-2013 уште 97 милиони евра треба да се искористат. Вкупниот број на вработени во ИПА структурите на национално ниво односно во државна администрација кои професионално работат во овој дел изнесува 360 лица, рече вицепремерот Бесими.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и информира дека со ИПА 2 2014-2020 година, во чии рамки има осум сектори, од вкупно 664 милиони евра, предвидени во националниот стратешки документ на Република Македонија, досега се испрограмирани средства во износ од 445,6 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.