Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Мачен ден за Иванов

0
By Борјан Јовановски on June 13, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 13, 2013 13:21

Во Братислава се случува историја. На маргините на самитот на земјите членки на иницијативата за соработка на централна Европа се очекува да се оствари средба на српскиот претседател Николиќ и претседателката на Косово, Атифета Јахјага.

Братислава е местото каде што денеска ќе се конкретизира точката 14 од Бриселскиот договор склучен во април меѓу Белград и Приштина, а со која официјален Белград се обврза да не ја попречува интеграцијата на Косово во регионални структури кои се во контекст на европските интеграциски процеси.

Претседавачот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј гласно им честиташе на домаќините на самитот (Словачка) за вложените напори да го обезбедат Косово на самитот, како и на конструктивноста во овој случај демонстрирана од српската и косовска дипломатија.

„Ова е историски напредок и огромен чекор во согласност со напорите на ЕУ да обезбедат траен мир на Балканот и во Европа“, изјави Ван Ромпуј.

НОВА разговараше со амбасадорот на Словачка, која патем треба да се каже е една од земјите членки на ЕУ која се уште не го признала Косово.

„Наша цел беше да обезбедиме инклузивност и да придонесеме кон развојот на соработката и обезбедувањето на стабилноста во регионот“, ни рече амбасадорот Роберт Кирнаг. Го прашавме како успеа Словачка да ги обезбеди на самитот и Косово и Србија. Одоговорот звучеше логично. „Не беше лесно но кога се сака да се стори нешто во дипломатијата постојат начини за тоа“, ни рече Кирнаг.

Во случајов претседателката на Косово е повикана како специјален гостин на самитот во форматот познат во дипломатскиот сленг како „Гимних” кој подразбира пред гостите да не стои името на државата туку само името и презимето на функционерот. Вреди во врска со овој формат да се потсети дека Македонија во повеќе наврати благодарејќи на „Гимних“ имаше можност да учествува на меѓународни собири на кои Грција се противеше да стои нашето уставно име, а ние не сакавме пред нас да биде ФИРОМ. Како и да е словачката дипломатија и одржа лекција на македонската за тоа како се плива во секогаш разбранетото море на меѓународните односи во кои синдромот „Калимеро“ не е познат.

Сега да се навратиме на Охрид и неговиот неуспех. Во Охрид не профункционира членот 14 од Бриселскиот договор склучен помеѓу Белград и Приштина (член со кој Србија се обврзува да не го блокира Косово во регионалните форуми кои се предворје на ЕУ). Со успехот на денешниот братиславски самит, за охридскиот непуспех е виновно само официјално Скопје.

Белград во Братислава покажа дека ја почитува оваа обврска од бриселскиот договор. Во случајот со охридскиот самит, српската дипломатија исто така вешто се извлече да биде посочена како единствен виновен за минирање на бриселскиот договр со допис упатен до македонското министерство за надворешни работи кој останува заведен во документацијата како конечен став на официјален Белград а во врска со поканата на претставниците на Косово на самитото во Охрид.

Во оваа документација до која дојде НОВА во меил на српското министерство за надворешни работи до македонското МНР стои дека Србија се согласува шефот на косовската дипломатија да учесвува во Охрид како специјален гостин на состанокот без објаснување како и зошто е дојдено до промена на оваа српска позиција која во претдхоните дописи се противи на поканата за Косово. Меилот беше испратен на 30 мај само еден ден по солзите кои Иванов ги излеа пред јавноста со изјава во која соопшти дека состанокот на шефовите на држави и влади нема да се одржи.

Истиот ден по дозволата од Белград, министерот Поповски се обиде да го обезбеди присуството на неговиот косовски колега на состанокот на министрите во Охрид. Се разбира беше доцна бидеќи претходно сите молби на косовската дипломатија да се вложат напори средбата на шефови на држави и влади да се одржи во Гимних форматот немаа успех, па шефот на косовската дипломатија го спушти нивото на министерската средба во Охрид и на неа го испрати својот заменик.

Како и да е, не е лесно да си денеска на местото на Иванов во Братислава каде што Николиќ и Јахјага се ѕвездите а тој само асоцијација на една неуспешна приказна. Ако на 29 мај кога го откажа самитот му беше тешко, денеска кога се соочува со реалноста на дипломатската изолација веројатно солзите сами капат. Како и да е, по се, би требало да се научи словачката дипломатска лекција во која јасно пишува дека Калимеро е само цртан филм за деца и други наивни.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.