Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Макeдонија вработува – популизам или реални мерки?

0
By Нова ТВ on June 8, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека во државните јасли со решение за трајно вработување се згрижија 2.667 лица, паралелно Владата го спроведува и проектот “Македонија-вработува“, преку кој според последните расположливи податоци во приватниот сектор се вработиле 1.580 лица. Во првиот случај вработувањата се на директен буџетски трошок, во вториот, иако се работи за вработувања во приватни компании, сепак тие повторно се поддржани со буџетски пари. Дали Владата влезе во “кампања за вработување“ која според дел од бизнисмените, не само што значи нов трошок, туку и е нерална?, се вели во анализата на Порталб.

Мерките во атрактивно пакување – ќе дадат ли ефект ?

Фирмите што ќе вработат невработени лица, со утврдени услови, ќе бидат ослободени од плаќање на придонеси во период од три до пет години. Оваа бенефиција што се нуди како дел од прокетот “Македонија вработува“, привлече околу илајда компании да се пријават на огласите, со оглед на тоа што се работи за значајни даночни ослободувања кои ќе бидат финансирани од буџетот, на трошок на останатите компании кои ја полнат државната каса.

Една од поранешните директорки на Агенцијата за вработување смета дека мерките што се нудат на бизнисмените за да отворат нови работни места од економски се претворија во пополистички, кои носат само политички поени но не и долгорочно решение за невработеноста.

– Се’ се претвори во маркетинг и популизам, со цел да се тргнат од список на невработени, им се даваат пари на невработените, им се отвараат фирми, и не дај боже кога нема да успеат во бизнисот, мислам дека не смеат да се пријават како невработени поради тоа што договорот ги обврзува во следни 4-5 години да не бидат на терет на државата, односно до моментот додека не го вратат кредитот, вели за Порталб, Билјана Јовановска.

Со стапка на невработеност повисока од 27 проценти, Македонија и натаму е лидер во Европа според бројот на невработени лица. Трајно решение за овој проблем не може да се бара ниту во спорадични мерки ниту преку вработувањата во администрацијата, сметаат експертите.

– Намалување на невработеноста не може да очекуваме од парцијални пристапи како најновиот проект Македонија вработува, каде главниот ефект врз креирањето на работни места се очекува од ослободувањето на работодавците за неплаќање на задолжителните социјални придонеси. Таквиот пристап е погубен за како за социјалната држава и нејзините фондови, така и за регуларните плаќачи на социјални придонеси но и за свеста во однос на социјалните права, вели професорката Маја Геровска- Митев.

Пралелно со проектот “Македонија вработува“, Владата ја спроведува и операцијата за вработување на илјадници лица под државна капа кои досега имале статус на волонтери, хонорарци или лица со договори на определено време. Според податоците од Министерството за финансии до сега министерот Ставрески потпишал решенија за трајно вработување на 2.667 лица.

Најголем број од нив има во здравството, околу 1.360 лица, потоа во социјалната заштита и детските градинки работниот однос им се трансформирал на околу 500 лица, во образованието 277 лица. Според информациите од министерството, за овие вработувања имало предвидено пари во Буџетот за годинава.

Во ек на политичка криза, кога владата вработува илајдници вработени, идни буџетари, дел од бизнис заедницата реагираше и повика да се запре со непродуктивни трошења.

Неодамна, Комората на Северозападна Македонија побара од владата да се воздржи од нереални ветувања кои реално не може да ги исполни како што зголемување на плати и пензии, разни премии, субвенции и нереални вработувања.

– Владата да се воздржи од нереални вработувања кои не може да ги исполни, како што се зголемување на плати, пензии, субвенции и нерални вработувања, вели Неби Хоџа, новиот претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Според податоците од Буџетот, годинава за намалување на невработеноста преку Агенцијата за вработување, планирано е да се потрошат 8,5 милиони евра. Досега од надлежните инститции нема информација колку пари се потршени во форма за буџетска поддршка за новите вработувања во фабриките со странски капитал, на кои им се овозможија и серија на други поволности.

Додека Владата ги пребројува новите субвенционирани вработувања во приватниот сектор и потпишува решенија за вработувања под државна капа, вкупната бизнис клима станува се потешка за водење на бизнис.

– Воопшто и климата во Република Македонија за приватниот сектор, отворање бизниси и нивно одржување е многу тешка, ако се земе во предвид дека Владата не вложува во приватниот сектор и во стопанството, туку во скапи проекти (споменици, фасади, фонтани). Бизнисите не се долго издржливи, со тоа и вработувањата се краткорочни. Граѓаните се се посиромашни и не се во можност да ги користат услугите од новите и мали бизниси, смета поранешната директорка на Агенцијата за вработување Јовановска.

Додека дел од експертската јавност препознава популизам во некои од мерките за нови вработувања, премиерот Никола Груевски смета дека проектот “Македонија вработува“ е директно насочен кон зголемување на вработеноста, односно на намалување на невработеноста.

– Од околу 980 компании коишто аплицирале да бидат дел од овој проект, околу 780 се мали компании со број на вработени до 10, додека околу 200 се со над 200 вработени. Така што ова се параметри кои покажуваат дека овој проект им помага, особено на малите и средни компании во Република Македонија, изјави неодмана премиерот Груевски.

Генералано, Оперативниот план за вработување, се спроведува од 2007.година. Според податоците, досега преку овие програми се вработиле повеќе од 7.000 лица, со што значајно не се промени состојбата со невработеноста во земјава. Проектот “Македонија вработува“ според амбициозниот и најавен план треба да вработи 150.000 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.