Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Многу дипломци – малку работа

0
By Нова ТВ on May 27, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според податоците од Агенцијата за вработување, на крајот од март вкупниот број на луѓе со статус невработени бил 201. 166 и во однос на декември 2015 година, тој се намалил за 9.581.

Во исто време и Државната статистика измери рекордно ниско ниво на невработеност, во четвртиот квратал 24,6%, што се смета за едно од најниските, пренесува неделната економска анализа на Порталб.мк.

Но, според економистите, статистиката покажа уште еден требд – се намалува активното население во Македонија, што може да биде показател за она што се алармира подолго време – “белата чума“, односно иселувањето.

На крајот од првиот квартал, во Агенцијата за вработување без работа биле повеќе од 14. 000 лица со високо образование, со статус невработени магистри на науки  имало 964 луѓе и 31 доктор на науки. Во споредба со декември, 2015 година, бројот на невработени лица со високо образование се намалил за незначителни 623 лица. Кај магистрите на науки намалувањето на невработеноста е за само 9 луѓе а пак бројот на невработени доктори на науки се зголемил за уште еден докотор на науки.

Меѓу градовите кои предничат според бројот на невработени академци е и Тетово каде има скоро 1. 500 невработени со високо образование, 71 магистер на науки и 4 доктори на науки кои се евидентирани како “невработени“. За споредба, во Скопје, кој е водечки град според бројноста, има 2 800 невработени дипломци. Голема стапка на невработени образовани лица, во однос на бројот на населението, има и во Куманово, Гостивар, Кичево, Картово, Демир Хисар.

Бавното намалување на невработеноста кај оваа категорија на граѓани, според степенот на образование, е една од причините зошто тие и најмногу посегнуваат по емиграција, што директно се одразува и врз вкупната бројка на активно население во земјава.

– Сите овие бројки што ги бајвува државната статистика се потпираат на рамка на примерок, која методолошки не е спорна и е во согласност со европските стандарди, но проблемот е во тоа што таа рамка се потпира на попис спроевден во 2002 гдина, примерок од 5 000 домаќинства што бил користен пред 14 години. Сепак, намалувањето на активното население во земјава е пред се резултат на механичко движење, односно не можеме да го занаемариме фактор оти луѓето, особено младите и образовани псоегнуваат по иселување, вели за Порталб.мк универзитетскиот прфесор Драган Тевдовски.

Ако се направи споредба на бројот на невработени луѓе со високо образовани, податоците покажуваат големи разлики во мерењата на Агенцијата за вработување и државниот завод за статистика, кои според економистите се резултат на методолошките разлики, но сепак велат дека се драстично поинакви бројки за утврдување на иста состојба. Така, на крајот од 2015 година според Агенцијата за вработување во Македонија имало 15. 761 невработени лица со високо образование( високо образование, магистри и доктори), додека според Заводот за статистика овој број изнесувал 41 .424 луѓе или разлика од 25 .663.

Според последните расположливи податоци на државната статистика, бројот на активно население во Македонија е на најниско ниво во изминатите години. На крајот од 2015 година во земјава имало 954 .924 активни граѓани, со што во оваа бројка се вклучени и  вработените и невработените. Стапката на активно население во 2015 изнесувала 57% и е најниска стапка во изминатите три години. Од друга страна, податоците покажуваат дека во истиот период се зголемува бројот на работоспособно население, кој достигна 1. 676. 659 граѓани.

Она што според економистите може да се смета како алармантно во овој тренд е намалувањето на активното население, во кое, според старосната структура,  се вклучени оние кои се над 15 години, а  се невработени или бараат работа.

– Сите овие бројки и податоци треба да се анализираат со резерва. Ние како земја од 2002 та година немаме попис, статистикача операција која е основа за сите економски мерења. Во остуство на оваа операција, јас не можат да кажам дека и овие бројки се релевантни. Од друга страна самиот податок дека се намалува бројот на активни граѓани, меѓудругото може да се толкува и како резултат на трендот на одлив на работоспособно население, вели за Порталб.мк политикологот Соња Сојадиновиќ.

Трендот на намалување на активното население е нотиран и во новиот, мајски Извештај на Народната банка, која констатира дека на крајот од 2015 година се намалува и понудата на работна сила на пазарот на труд.

– Во четвртото тримесечје, понудата на работна сила се намали за 1,2%, што претставува продлабочување на негативната годишна динамика забележана во претходните два квартала. Падот забележан кај активното население, при истовремен посилен раст на бројот на неактивни баратели на вработување, доведе до надолно приспособување на стапката на активност, од 57,4% во истиот период на 2014 година на 56,6%, што претставува најниско забележано ниво во последните три години, се вели во мајскиот извештај на НБМ.

 Според податоците од Заводот за статистика на крајот од 2015 година во Македонија имало 705 .991 вработени и 248 .933 невработени граѓани. Во однос на 2014 година, намалување има кај невработените додека зголемување има кај бројот на вработени луѓе. Имено, за една година бројот на вработени се зголемил за 15. 803 а бројот на невработени се намалил за 19. 876.

Во четвртиот квартал од 2015 година, државната статистика измери рекордно најниска стапка на невработеност од 24,6%. И со овие показаели, земјава сеуште е во групата на оние со најдлабока невработеност, која е загрижувачка особено кај младото работоспособно население од 25 до 49 години, со стапка на невработеност од 59,5% на крајот од 2015 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.