Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа на „Фајненшл Тајмс“: Макрон не е сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ

0
By Нова ТВ on November 5, 2019 ВЕСТИ
AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 5, 2019 12:45

Со блокирањето на стартот на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон го шокираше и го поткопа регионот, чија стабилност е поврзана со стабилноста на европскиот континент, оценува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ во анализата под наслов „Новото раководство на ЕУ мора да ги утврди своите правила во надворешната политика“.

Весникот оценува дека во случајот со Северна Македонија, потегот на Макрон ја покажал хипокризијата ЕУ, потсетувајќи дека Унијата долго време ветуваше почеток на преговорите за членство доколку земјава најде компромис со Грција околу името, услов кој беше исполнет со Договорот од Преспа, што стапи во сила во февруари.

– За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговори за членство со Албанија. Покрај тоа, кога Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за поддршка на започнувањето на преговори за членство со двете балкански држави, 136 европратеници или речиси една четвртина од оние што гласаа, го поддржаа ставот на Макрон, оценува „Фајненшл Тајмс“.

Весникот смета дека Макрон е во право кога инсистира дека Унијата мора да се фокусира на внатрешните реформи, пред да прими нови членки, оценувајќи дека „најзначајниот проект на ЕУ“ – 19-члената Еврозона, останува до половина изградена куќа, а недостасува и широка европска акција во некои области како што се миграцијата и политиката за азил.

„Фајненшл Тајмс“ потсетува и дека се појавиле гласините оти вистинската цел на Франција е „засекогаш да ја затвори вратата на ЕУ за земјите од Западен Балкан“ и наместо тоа да им биде понудено членството во т.н. европска економска зона, со што тие држави би останале надвор од политичките институции на Унијата и би останале Европејци од втор ред.

– Неуспесите во Сирија и на Балканот се симптоми кои укажуваат на несигурната позиција на ЕУ во глобални рамки и на неефикасноста на француско-германската соработка. Но, ако ЕУ не може да ги реши работите пред својата врата, каде ќе може?, заклучува „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.