НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА на Порталб: Среде политичка криза – државни вработувања, зошто?

0
By Нова ТВ on February 19, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Масовни огласи за вработување во јавните прептријатија, државните агенции, образованието. Неколку дена пред да стапи на сила новиот закон за администрација со кој се предвидуваат заострени критериуми за вработување, државата објави десетици огласи.

Во експересна собраниска постапка, Собранието ги изгласа законските измени со кои се овозможува трансформација во траен работен однос, со што практично преку ноќ се содадоа услови за вработувања на три илјади лица, кои ги најави Владата, Порталб.мк

Вработувања во Влада, државни агенции, градинки, претпријатија

Со новите огласи, се вработуваат лица во детски градинки во Охрид, Скопје, Кичево, Штип, Кочани, Прилеп, Велес, Битола, Куманово, Гевгелија и Дебар. Вратите за нови вработувања ги отворија и ЈП Македoнски шуми, Агенцијата за вработување на Република Македонија, ЈП Македонска радиодифузија, Јавното претпријатие за државни патишта, ЈУ Завод за социјални дејности. Решение за траен работен однос ќе добијат волонтери, оние што работеле на определено време или со договор на дело.

– Со Законот за трансформација во редовен работен однос се обезбедува решавање на статусот на неколку илјади лица кои се ангажирани по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договор во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

Зошто среде политичка криза Владата посегна по овие вработувања? Според дел од аналитичарите, ова е последниот „воз“ за вработувања под државна капа за да се избегне новиот, ригорозен закон за администрација. Кон крајот на 2014 та година исто така беа објавени огласи за стотици вработувања. Дел од економиситите повикаа да се почекаат новите законски измени за вработување кои подразбираат и заострени критериуми за влез во администрацијата.

– Ако Владата брза да реализира што повеќе вработувања пред да стапи на сила новиот Закон за администрација, тогаш сметам дека на ваков начин нема да се обезбедат квалитетни вработувања, туку само кванититативно полнење на администрацијата. Јасно е дека со новиот закон, кој беше донесен и усвоен по сугестија на Европската Унија, треба да се постават повисоки и построги критериуми за вработување – вели професорката Шенај Хаџимустафа.

По објавување на огласите за вработување, сличен став упати и професорот Давитковски.

– Овие вработувања според мене сега се спроведуваат во еден вакум простор, пред да стапи на сила новиот Закон за администрација со кој значајно се заоструваат критериумите за вработување во државна или јавна служба. Сега сметам дека се вработуваат заслужни партиски војници, зошто во февруари се очекува да стапи на сила новиот закон кој ќе ги обврзе да полагаат пет, шест испити. Тука се и рамковните вработувања, кои исто така се спроведуваат во овој вакум простор, изјави неодамна универзитетскиот професор Борче Давитковски.

Од опозициската СДСМ обвинија дека три дена пред да стапат на сила новите критериуми за вработување, се случуваат масовни полнења и во Секретаријатот за рамковен договор во Владата.

– На 12 февруари, отворен е оглас за нови 154 вработувања во владиниот Секретаријат за спроведување на рамковниот договор. Бројката на лица влезени во овој Секретаријат во последните неколку години, без новиот конкурс е 3 334 луѓе, за кои плаќаме над 39 милиони евра годишно. Она што се издвојува во бројните огласи, освен ширењето на Секретаријатот за рамковен договор, е и ново проширување на Кабинетот на Никола Груевски, изјави Љупчо Николовски, член на ИО на СДСМ.

Според партијата, истиот ден е отворен оглас и за нови 36 лица во Јавното обвинителство на Република Македонија.

– Само вчера, среде ноќ, непосредно по полноќ, се распишани 70 огласи што се однесуваат и на други државни и јавни органи, рече Николовски.

За разлика од овие ставови, од Сојузот на синдикати на Македонија ја поздравија одлуката на Владата да вработи три илајди лица.

– Ова е децениски проблем и првпат се решава на ваков начин. Со оваа мерка ќе се регулира работниот однос на огромен број луѓе кои немаа решен статус и не беа внесени во системот на социјално и пензиско осигурување. Преку решавањето на нивниот статус ќе дојде и од зголемување на јавната потрошувачка, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски.

Инаку, новите законски решенија, кои веќе стапија на сила, предвидуваат строги критериуми за вработување во државната и јавната администрација. За вработување ќе се полагаат повеќе испити, потребно е совршено познавање на странски јазик, предвидено е оценување на вработените и други услови и критериуми. Целта e статусот на административните работници да се регулира по европски стандарди за да се обезбеди поефикасен административен апарат.

Масовен бран на вработувања во 2014, 2013, 2010 година

Оперции за масовни вработувања се спроведоа и во последните неколку години.

Во текот на 2014 та година, а особено кон крајот на годината беа објавени огласи за стотици вработувања. Ново кадровско полнење на државните јасли се спроведе во неколку министерства, меѓу кои, за труд и социјална политика, за финанасии, за образование. Во исто време оглас за вработување на 113 лица беше објавен и за позиции директно во Владата, потоа 180 вработувања во Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор.

Во април 2013 та година државните јасли се отворија за 1.600 невработени, со образложение дека предност имаат оние од социјално ранливите категории. Владата тогаш објасни дека станува збор за социјална мерка која треба да им помогне на граѓаните што се без работа.

Првичните проценки упатуваат на тоа дека само за да се реализираат овие вработувања ќе бидат потребни 8 милиони евра на годишно ниво.

– Целта на новата владина мерка е да се помогне на овие луѓе, да им се овозможи да излезат од сиромаштија и да обезбедат егзистенција за своите деца, изјави тогаш министерот за финансии Зоран Ставрески.

Непосредно пред овие вработувања се спроведе и операцијата за привремени вработувања на околку 4 000 илајди лица кои главно се рапоредија во општинските и јавниот претпријатија.Проценките беа дека овие луѓе буџетот ќе го чинат 1,5 милиони евра.

Анализата на буџетките документи покажува дека ставката за плати и придонеси е во постојан пораст. Така, ако во 2008 ма година таа изнесувала 373 милиони евра, сега во 2015 та година изнесува скоро 400 милиони евра.
Плати и надоместоци:

2015 та година 400 000 000 евра
2008 ма година 373 000 000 евра

Но, сепак, ова не е конечната сума за финасирање на администрацијата. Преку бџетската ставка “допнителни услуги“, која годишно се ближи и до 400 милиони евра, според дел од економистите, се финасираат популарните “договори на дело“. По сериозните предупредувања од Европската Комисија дека треба да се запре со овој модел на вработувања во администрацијата, Владата во 2010 та година, 5000 привремени вработувања ги трасформираше во трајни вреботувања.

За пет години, вклучувајќи ја оваа 2015-та, само за испалта на плати и на надоместоци се потршени близу 1,9 милјарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.