Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Образование – многу пари, каде се ефектите?

0
By Нова ТВ on March 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 7, 2016 14:47

Многу пари за инвестиции и вложувања во образованието, но незадоволителен ефект. Ефикасноста на јавните трошења и натаму е на особено ниско ниво во образованието, инфраструктурата и социјалната заштита, пишува новата економска анализа на Порталб.мк.

Ова се дел од наодите нотирани во новиот извештај на Светска Банка посветен на политиките на јавните трошења и ефектите од нив. За годинава, според најавите од Владата, токму образованието останува еден од секторите во кој се најавени бројни инвестции во основното, средното и високото образование.

Од друга страна, наспроти ваквите заложби, Државниот ревизор во последниот ревизорски извештај констатираше серија на недостатоци и слабости во образовниот систем. Дали вложувањата во образованието донесоа квaлитативно зајакнување?

За што се трошат 376 милиони евра – Буџет на МОН …

“Резултатите во образованието се влошени и покрај зголемените расходи. Во 2013 година, расходите на Република Македонија за образование од 4,1 проценти од БДП беа највисоки во регионот, меѓутоа показателите на успешноста во образованието беа под регионалниот просек. Квалитетот на основното и средното образование не е значајно подобрен во изминатите неколку години, мерено според меѓународните тестови. Резултатите од меѓународното следење на квалитетот на математичкото и природонаучното образование значително се намалија во периодот помеѓу 1999 и 2011 година и се под нивото на другите земји во Европа“, ова е констатација на Светска Банка, нотирана во новиот извештај кој ги анализира политиките на јавните трошења.

Според анализата на меѓународната финансиска институција, и покрај тоа што годишно растат инвестициите во образованието – ефектите не се задоволителни. Дел од унивезритетските професори коментираат дека ваквите оценки на Светска банка се очекувани.

“Секако дека овие оценки и мерења на Светска банка се релевантни и треба да им веруваме, но јас би посочил на тоа дека треба да правиме разлика помеѓу она што е декларирано, односно проектирано да се вложи и инвестира во образованието, наспроти она што на крајот од годината е оставрено и реализирано. Или, често она што е заложба и најава за вложувања, развој, инвестции, останува само како најава. Во образованието сеуште се соочуваме со апсурдни состојби. На пример, високобразовните институции сами ги плаќаат сметките за греење, со што државата ослободува пари кои ги пренаменува за проекти кои според мене немаат бенефит, односно од нив нема полза. Ова се само дел од системските проблеми во образовниот систем“, оценува за Порталб.мк универзитетскиот прфесор и еден од поранешните министри за образование, Ненад Новковски.

Според податоците за буџетската 2016 година, вкупниот Буџет со кој раполага Министерството за образование изнесува 375,5 милиони евра. За годинава во Буџетот е предвидена реализација на повеќе прокети.

“Порталб“ ги одвојува позначајните, меѓунив: изградба на Факултет за информарички науки и Факултет за физичка култура за што се планирани 4 милиони евра, преведување и печатење на стручна литература со проектирана сума од 500 илјади евра , превод на книги од реномирани автори со вредност од 1,2 милиони евра. За ученичи стандард 4,3 милиони евра, за студентски стандард од Буџетот се планирани 12,6 милиони евра. Преку ставката “инвестиции во образованието“, Владата планира да одвои 10,7 милиони евра, пари кои треба да се наменат за изградба и реконструкција на основни училишта, изградба и реконструкација на средни училишта, изградба на спортски сали во училиштата, реконструкција на ученички домови и изградба на студентски домови .

Додека од една страна се највуваат нови инфраструктурни вложувања во образованието, од друга страна квалитативните оценки на Светска Банка не се оптимистички.

“Запишувањето во високото образование брзо се зголемува во изминатите неколку години, меѓутоа ефикасноста на системот за високо образование и понатаму е на ниско ниво. Иако не постојат критични податоци за постигнувањата на студентите во учењето, како и вработувањето на дипломираните кадри, сепак анкетата на работодавачите, спроведена од страна на Светска банка во 2010 година, покажува дека работодавачите и понатаму се соочуваат со тешкотии при ангажирањето на работници кои ги поседуваат бараните вештини, особено за новосоздадените работни места во модерните и динамичните фирми. Како и во најголем дел од земјите на регионот ЕЦА, не се воспоставени механизми за редовно собирање на податоци и анализа на исходите од високото образование“ се вели во Извештајот на Светска банка.

Образованието беше под лупа и на државниот ревизор, кој меѓудругото во последниот извештај ги истакнува зајакнатите инфраструктурни вложувања но и нотира неколку слабости, главно поврзани со средното образование. Така, според ревизорите, регистрирано е отсуство на анализи на резултатите од екстерното тестирање, проблеми на училиштата со долгови по основ на бесплатен превоз како и слабости со бесплатните учебници.

“Од вкупно 583 предмети по два објавени конкурси ( 2009 и 2010 година), за издавање на учебници за средно образование во стручните училишта, одобрени се 324 учебници. Во 2015 година, училиштата само по основ на превоз на ученици должеле 4,9 милиони евра“ , се вели во ревизорскиот извештај. Од министерството за образование, дел од ваквите наоди беа отрфлени со дополнителни образложенија.

Светска банка, покрај забалешките упатува и препораки

“Обезбедувањето на обуки на наставниците во основното и средното образование и зголемувањето на бројот на часовите на наставниците во основното образование во согласност со глобалните стандарди би можело да помогне во зајакнувањето на квалитетот на основното и средното образование. Високото образование би можело да се подобри преку координација на наставните програми со приватниот сектор потребите на компаниите и преку воведување на систем на финансирање по капитација за високообразовните установи“ се посочува во извештајот на Светска Банка, пренесува Порталб.мк

По објавувањето на извештајот, министерот за образование Адеми кратко коменираше дека резултатите од инвестирање во образованието допрва ќе се почуствуваат.

Минатата недела Владата објави дека од идната учебна година сите основци ќе учат математика и природни науки по адаптирани наставни програми според Кембриџ. Овој проектот почна пред три години и засега програмите се применуваат од прво до шесто, а од септември ќе бидат воведени во седмо, осмо и деветто одделение.

“Овие реформи ја постигнаа целта. Тоа го констатираат и од самиот Кембриџ центар по спроведениот целосен мониторинг на воведувањето и примената на нивните програми и учебници во нашата земја. Извештајот од мониторингот е со исклучително позитивна конотација и констатира дека реформата правилно се спроведува“, изјави заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

Еден од последните најавени проекти пак во високото образование беше основањето на нов универзитет за безбедност и одбрана “Дамјан Груев“. Овој предлог предизвика различни мислења и во политичката и професорската фела, но доби и етнички акцент. Имено, креаторите на идејата најавија дека на овој унивезритет ќе може да се запишат 25% студенти Албанци, но не се посочи дали студиите ќе се спроведуваат и на албански јазик. Во исто време формирањето на универзитетот “Мајка Тереза“ на кој ќе се учи на три јазици, доби законска основа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

ВЕСТИ June 24, 2026

Сенатот на САД вчера изгласа резолуција, со која се бара од претседателот Доналд Трамп да…

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.