Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: По европските пари од ИПА, проблеми и со ИПАРД?

0
By Нова ТВ on July 19, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, односно властите добија јасен сигнал од страна европските ревизори дека е потребна политичка волја за спроведување на реформи, и намалувањето на европските пари преку ИПА фондовите е една од тие пораки. На ваков начин претставникот на делегацијата на ЕУ го потврди ставот на Европската комисија, која веќе посегнала и по намалување на средствата од ИПАРД. Дома, институциите со различен став, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

Од финансовата полицијата соопштија дека има истрага за два случаи поврзани со можни злоупотреби на европските пари. Јавното обвинителство тврди дека се води предистражна постапка, а надлежната Агенција за финансиска поддршка во земјоделството вели дека не се работи за истрага туку за спречен обид за злоупотреба на парите.

Многу пари на располагање, слаба искористеност…Според потпишаните спогодби меѓу Владата и Европската комисија, во периодот од 2007 година до 2011 година на Македонија на раполагање биле 45 700 000 евра и сумата од година во година постојано се зголемувала. Парите за земјоделскиот сектор, според условите од финансиерите главно се наменети за “инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на ЕУ како и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи во согласност со стандардите на ЕУ“.

По објавата дека Европската комисија ги намалува средствата од ИПА фонодвите поради отстуство на реформи, сега се отвора и прашањето за начинот на кој се трошеле парите и од ИПАРД програмата за земјоделците.

“Во Македонија веќе се водат неколку истраги за кривичното дело измама на средствата од европските фондови. Има детекција на неправилности кои редовно преку системот се доставуваат до надлежните институции и како што кажав лоцирани се и неколку слуачи на потенцијални измами и за нив веќе се водат истраги. Главно случаите за кои се водат истраги или предистраги веќе се во надлежност на Јавното обвинителство а опфатени се фабрики и земјоделски комбинати кои набавувале опрема која не е во согласност со европските стандарди, односно користење на средства од петттата мерката предвидена со ИПАРД. Од страна на Финансовата полиција постапката е завршена,  случаите се ви Јавното обвинителство што значи дека обвинителството си ја врши својата работа “, вели за Portalb.mk директорот на финансиската полиција Александар Тргачевски.

Јавното обвинителство не сака да соопшти детали со образложение дека станува збор за предистражна постапка, но од надлежната Агенција за финансиска поддршка во земјоделството се огласија дека воопшто немало злоупотреби.

“Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој откри сомнителните случаи за обид за измама при користење средства од ИПАРД програмата и тие се проследени до Управата за финансиска полиција како надлежен орган за спроведување истрага. По откривањето на сомнителните случаи, сопрена е исплатата за цел контигент на овој вид механизација, во насока на заштита на финансиските интереси на Европската унија и на Македонија“, соопштија од Платежната агенција.

Во периодот 2009-2013 година, според информациите од Секретаријатот за европска политика, спроведени се вкупно 8 јавни повици, што резултирале со потпишување на 178 договори помеѓу Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и крајните корисници.

Прашањето за начинот на кој се користеле европските пари од ИПАРД кусо време откако Европската комисија соошто дека на Македонија е се намалуваат средствата од ИПА за повеќе од 100 милиони евра.

“Неодамна Европската комисија ги посочи на загриженоста во однос на непланирањето во клучните сектори, немањето политичка определба за секторски реформи и по општите определби и затоа Комисијата реши да ја намали финасиската поддршка за 2016 година како и да не продолжи со уште еден проект – Европскиот суд на ревизиори пред две недели упати на потребата на властите да покажат политичка волја да продолжат со реформите за да може европската помош да абиде поефикасна“,  изјави за Portalb.mk претставникот на делегацијата на ЕУ Мартин Клауке.

Според него,  треба да се подобри и поработи на свесноста на лицата кои се дел од администрацијата задолжена за следење на неправилностите при користење на европските пари и детектирање на можните измами.

Еден од тие случаи кои веќе се отворени од страна на европските истражители е и “Актор“ – проект кој се потпира на пари од ЕУ фондовите и финансиерите.

“Истражителите на ОЛА постапуваа веќе во неколку претходни ситуации кога постоел сомнеж за измама во случаите на управување со европските фондови за европски образовни програми и мобилност, како и претпристапната помош во инфраструктурните проекти (случајот Актор). Како резултат на такви и слични истраги две години беа суспендирани европските пари за Националната агенција за европски образовни програми и мобилност“, изјави недамна за Portalb.mk Бојан Маричиќ од Меѓународниот центар за европско образование.

Според Владата, намалувањето на средствата од ИПА е последица од политичката криза, која ја предизвикала опозициска СДСМ.

“На Македонија не и се одобрени средства поради внатрешните случувања во Европската унија и поради политичката криза во земјава. Владата ќе најде начини да го компензира недостатокот за да ги релизира предвидените проекти“, изјави техничкиот премер Емил Димитриев.

Искористеноста на средствата од ИПА1, за периодот 2007-2013 година, изнесува 61,8 отсто. Имено, според податоци од Владата вкупната сума на повлечени пари изнесува 614,7 милиони евра, пришто се склучени 957 договори во вредност од 379,8 милиони евра. До крајот на 2017 година остануваат да се исористат уште 97 милиони евра од оваа программа, со што искористеноста би се движела од 75% до 80%.

Со ИПА 2 2014-2020 година, во чии рамки има осум сектори, од вкупно 664 милиони евра, предвидени во националниот стратешки документ на Република Македонија, досега се испрограмирани средства во износ од 445,6 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.