Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: По поплавите доѓа ценовен бран – ќе има ло доволно жито и зеленчук?

0
By Нова ТВ on February 9, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Увозната храна ќе поскапи, регионално ќе има недостиг на житарици, на домашниот пазар призводството ќе се намали, во прашање е доведена пролетната сеидба. По катастрофалните поплави во Македонија и опкружувањето, и елементраните непогоди пошироко, аналитичарите упатуваат на тоа дека оваа 2015 та година ќе биде една од потешките и покритични. Поскапа храна предвидува и Народната Банка во новиот јануарски извештај. На домашен терен се отвораат неколку дилеми, меѓу кои, која е причината за негативните последиците со голем размер, дали можеа да се ублажат, и како ќе менаџираат кога водата ќе се повлече?, анализира Порталб.

Кој ја поплави Македонија – дождовите или негрижата?

Иако земјоделците велат дека сеуште не може да се направи проценка на штетите во земјоделството, првичните наодите упатуваат на тоа дека само во најголемата житница во земјава, Пелагонија, е направена штета од 10 милиони евра. Катастрофалните поплави, освен во Пелагонија, направија пустош во штипскиот и струмичкиот регион, во Кочани, Кавадарци, Струга. Штетите се од големи размери, вели Ефим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

– Состојбата на терен е многу лоша, со денови вренеше. Се зголемуваат плодните површини што се под вода. Каква ќе биде реалната состојба со земјиштето ќе се знае откако водата ќе се повлече. Очигледно штетите се огромни. Гледаме дека поплавена е најголемата житница Пелагонија, која сега личи на езеро. Потоа штети имаат градинарските насади и расадници во стумичко, кочанско. Загрозен е родот не само на житариците, туку и на градинарските производи. Неизвесно е дали навреме ќе почне пролетната сеидба, вели Шаклев.

Ако се анализира според региони, во Штипско-кочанскиот регион се уништени дел од фармите и житото, или конкретно во кочанско под вода се површините со жито а уништена е и печница и јачмен. Во Штипскиот регион, каде најкритично е во Карбинскиот и Лакавичкиот регион, уништени се овошните и градинарски насади. Во Струмичко поплавите го уништија пролетниот расад за градинарски производи.

– Според проценките, на земјоделските површини што се под вода, родот е сто проценти уништен. Но проблем има и со површините кои не се поплавени, но и тие се хендикепирани бидеќи таму избиваат подземни води, не можат да се обработуваат а не некои и воопшто нема пристап. Состојбата би рекол дека е критична. Сметам дека надлежните институции најмалку што можат да направат е да ги исплатат субвенициите, како начин барем да се ублажи состојбата. Веќе слободно може да се каже дека штетите во земјоделството се енормно големи а негативните ефекти ќе ги почуствуваат сите, и земјоделците, и државата и граѓаните како крајни купувачи, вели Ристо Велков.

Додека Македонија се бори со водената стихија, министрите и други владини функционери се растрчани во местата кои се зафатени од поплавите а дел од жителите, односно земјоделците во погодените подрачја прашуваат зошто во некои региони со години се оставени на законите на природата, без да интревенира во расчистување на речните корита и канали.

– Оваа агрокатастрофа со која се соочува Македонија пред се е резултат на неисчистените канали и речни корита низ земјава. Во последните 30 години имало дождови со помоголем интензитет од сегашниот, но вакви катастрофални последици немало. Сега штетата е направена и веќе е доцна државата да реагира. Ние бевме сведоци дека теоретски, се најавуваше чистење на коритата и каналите, но на терен не беше баш така, вели земјоделецот Велков.

Намалено производство, зголемени цени

Иако е извесно дека недостатокот на земјоделски производи ќе биде една од клучните последици по поплавите во регионот и во земјава, дел од земјоделците повикуваат да не се злоупотребува состојбата за да се манипулира со цените.

– Иако е рано да се каже какви и во колкав обем ќе бидат крајните последици од поплавите, јасно е дека настрадаа зеленчукот и житариците. Ние сега имаме цели оранжерии што пливаат под вода, тоа се големи штети. Она што е важно е дека не треба да се манипулира со висината и со последиците од штетите. Сметам дека трговците мора да се воздржат од било какви корекции во цената, оваа состојба не смее да се злоупотребува за поскапување на земјоделските производи, бидејќи ако трговците ги зголемат цените, негативни ефекти ќе има само за земјоделците и за граѓаните, вели Шаклев од Асоцијацијата на земјодлеци.

Препредување за раст на цените пристигна и од Народната Банка на Македонија, која во најновиот извештај наведува дека се очекуваат нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомвриските проекции.

– Најновите оценки за цените на меѓународно тргуваните примарни прехранбени производи упатуваат на нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомврискиот циклус на проекции. Ваквите промени се направени и покрај високите приноси во 2014 година и апрецијацијата на доларот во однос на еврото, и ги одразуваат и ризиците од намален принос и квалитет на житните култури од јужната хемисфера, како и влијанието врз приносите во 2015 година од невообичаеното студено и суво време во САД и Руската Федерација. Треба да се има и предвид големата неизвесност околу идното движења на светските цени на нафтата и можноста за нагли промени кај оваа категорија, се наведува во извештајот на НБРМ.

Дополнително состојбата се проблематизира и поради тоа што со водените стихии се соочуваат и земјите од регионот со кои тргува Македонија. Тука се поплавите во Србија и Албанија, што секако ќе имаат негативен ефект врз нивното домашно прпизводство, што пак ќе влијае врз вкупниот пазар и трговија на земјоделски производи во регионот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.