НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Предизборните трошења засилуваат, Владата најголем огласувач

0
By Нова ТВ on February 23, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предизборните трошења засилуваат. Владата и натаму е најголем огласувач, но дел од министерствата и агенциите кои располагаат со најгломазни буџети, нудат и најмалку инфрмации во огласите и објавите. Дури 73% од државните објави не содржат финансиски информации. Ова се само дел од наодите во најновиот јануарски Извештај за предизборни трошења што го направи Центарот за економски анализи, се вели во анализата на Порталб.

Раст на трошењата за плати, стоки и услуги

Дури три четвртини од објавите во јануари се направени од Владата, покажува Извештајот за следење на буџетските расходи во предизборен и изборен период што го израбтија Центарот за економски анализи и Транспаренси интернешнал.

„Доминантен број, односно три четвртини од објавите во овој месец се направени од Владата на РМ. Во споредба со декември, бројот на објави на буџетските корисници е значително намален, а бројот на објави на Влада на РМ е останат скоро ист во споредба со претходниот извештаен период“, се посочува во анализата.

Трендот на засилено трошење е регистриран веќе од третиот квартал лани, кога се забележува значајно зголемување на трошоците за стоки и услуги, трансферите и издашноста на буџетот за плати.

„Од анализираните податоци за платите и надоместоците за 2015 интересно е да се укаже на констатацијата дека скокот на расходите за плати и надоместоци, посебно во 3-тиот квартал од 2015)е најголем спореден со еден подолг претходен период (почнувајќи од 2008), иако трендот на нивно зголемување почнува некаде кон средината на 2013 година. Интересно е да се укаже на констатацијата дека скокот на расходите за плати и надоместоци, исто така посебно во третиот квартал од 2015 е најголем во целиот набљудуван период почнувајќи од 2008 година“, констатираат од ЦЕА и Транспаренси интернешнал.

Според аналитичарите, растат предизборните трошења, но не и транспрентноста во објавите. Само 5% од вкупниот број на државни објави содржат анализа и објаснување на планираните или реализираните активности кои се предмет на објавата. Само скромен дел од објавите или 12% во јануари 2016 вклучуваат информации за изворите на средства, додека само во 10% од објавите се содржат податоци за програмите/стратегиите/плановите врз основа на кои го најавуваат или реализираат објавениот проект.

„Мал број од вкупните објави на Влада и на буџетските корисници содржат финансиски податоци за направените, планираните инвестиции или за објавите во кои се најавува нова инвестиција, Влада која има најмногу објави под 30%. Истите уште помалку содржат аналитичко елаборирање на планираните/реализираните активности. Скромен дел од објавите вклучуваат информации за изворите на средства, како и програмите/стратегиите/плановите врз основа на кои го најавуваат или реализираат објавениот проект. Значително е намален бројот на вкупните објави на веб страниците на буџетските корисници“, се посочува во јануарскиот извештај.

Дел од министерствата и агенциите кои располагаат со најголеми буџети, имаат и најголеми слабости во однос на објавување на целосни информации.

„Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во ниедна од своите објави не вклучиле финансиски, податоци и аналитика за објавените активности. Додека во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски дури во 80% од објавите нема наведено финансиска конструкција и други квантитативни и квалитативни податоци за најавените активности“, велат од ЦЕА и Транспаренси интернешнал.

Двете инститиуции најавија дека во овој период на избори, врз основа на методологија ќе ги следат трошењата од државниот буџет, од страна на локалните власти и јавните претпријатија.

„Доколку има зголемување на субвенционирање на камати, субвенционирање ранливи категории граѓани, бесплатни бањи итн., нема да навлегуваме во делот на легитимноста за поставување таква политика туку фокусот ќе ни биде во тоа дали е тоа планирано во буџетот на РМ или е „ад хок“ решение, кое понатаму ќе води кон намалување на фискалната дисциплина“ изјави Марјан Николов од Центарот за економски анализи.

Во досегашните изборни цисклуси, според Слаѓана Тасева од ТИ, сме имале бројни примери кога биле констатирани неправилности и нерегуларности, особено во делот на финасирање на политичките партии, но тие случаи завршувале без разрешница.

„Од досегашното искуство веќе видовме дека извештаите на политичките партии секогаш се во согласност со законот. Потрошиле толку колку што било предвидено, а нашите следења покажуваат дека тие трошат значително повеќе и дека често се јавуваат финансирања од непријавени извори или донации кои не се прикажуваат како такви“, оценува Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернешнл.

Досегашната пракса покажа дека во секоја изборна година се зголемуваат и задолжувањата, односно планираниот буџетски дефицит не успева да го издржи притисокот од изборниот процес, при наплив на зголемени трошења. Според последните податоци што ги објави доплнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов, во период од јануари до средината на февруари буџетскиот дефицит се приближи до 30% од вкупно планираниот дефицит за оваа година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

September 2, 2025

Денови на европско наследство 2025 посветени на архитектурата

September 2, 2025

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025
ФОКУС

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

ВЕСТИ September 2, 2025

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.