Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Расте нееднаквоста – дали е потребна промена во даночниот модел?

0
By Нова ТВ on October 19, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Социјалната нееднаквост се зголемува, богатите стануваат побогати, сиромашните се посиромашни. Според дел од економистите, оправдани се па дури и нужни размислувањата за промена на сегашниот модел на рамно оданочување.

Опозициската СДСМ веќе ја отвори дебатата за резултатите од сегашните даночни политики на Владата. Дел од партите сметаат дека се потребни промени во моделот… Од Владата се уверени дека токму сегашниот даночен концепт е стожер за привлекување на странски инвестиции и отворање на нови работни места. Економската анализа на Порталб.мк ја отвара дилемата: Рамен или прогресивен данок?

Има ли услови и потреба за промена на даночниот модел?

Како дел од проектот „Визијата за Македонија“, опозициската СДСМ обелодени дека ќе се залага за промена на даночниот модел, наместо рамно, прогресивно оданочување. Со ова, во јавноста се врати дилемата дали е потребна промена и што ќе значи тоа за граѓаните и за фирмите. Дел од економистите се залагаат за прогресивно оданочување, со образложение дека сегашниот модел уште повеќе ја продлабочува нееднаквоста меѓу сиромашните и богатите.

– Не само што е потребна промена, туку таа е нужна, за конечно да тргнеме по вистинскиот пат на развојот. Колку е парадоксален сегашниот даночен систем може да се види од следниот пример. Најплатениот директор во Македонија во 2012 година земал плата од 76.000 евра месечно, и ѝ платил на државата само 11% давачки. Работниците на минимална плата пак, кои земаат 150 евра месечно, на државата ѝ плаќаат 32% давачки. Во Германија, на пример, директорот би платил 47% давачки на државата, а работниците на минимална плата – 20%, вели економистот Бранимир Јовановиќ и додава дека сегашниот модел е на штета на оние кои се најсиромашни, односно најмалку платени.

– Настрана емоциите, аргументите за прогресивен данок се базирани на здрав разум. Со сегашниот даночен систем ние имаме состојба во која богатите се возат на грбот на сиромашните. Од таа причина богатите треба да плаќаат даноци по повисоки стапки, а сиромашните по пониски, како што е во секоја развиена економија, вели Јовановиќ.
Дел од партиите оценуваат дека е потребна промена во даночниот систем, но преку намалување на одредени даноци.

Стопанственикот Венко Глигоров од Либералната партија вели дека сегашниот модел на рамно оданочување ги поедностави постапките за пресметки и номинално ги намали давачките, но од друга страна се вовеле нови, со што товарот за фирмите повторно е голем.

– Вредно е да се истакне дека во исто време се зголемија некои давачки, фирмите се подложни на драконски казни или не се намалија давачките од плата така како што ветуваше владата. Сумирано, нето ефектот за фирмите и за граѓаните е повисоки давачки. Како партија не сме за промена на даночниот модел од рамен данок на прогресивен. Ако воопшто се воведува, може да се постави прогресивен данок за одреден кус период. Моментално и за ова не гледаме причини за промена. Тоа што мислиме да се промени е дистрибуцијата на овие даночни приходи кон инвестирање на корисни работи, а не на расфрлање на средствата по непродуктивни активности. Ваквата промена е повеќе од потребна, вели Глигоров.

Политиката на рамно оданочување, според Владата е еден од клучните адути при промоција на Македонија како дестинација за инвестирање. Во најновото рангирање на “Бизнисинсајдер“, Македонија беше рангирана на прво место во светот, како земја со најниски даноци.

– Кога избираат место за развој на нивниот бизнис, меѓународните компании обрнуваат сериозно внимание на даночните стапки во различни земји. Владите често се натпреваруваат да ги истакнуваат конкурентните предности со ниските даноци – се вели во октомвриското објавено истражување.

Аналитичарот Јовановиќ, се сомнева дека сегашниот даночен модел ги дал оние очекувања поврзани со помала евазија, повисоки даночни приходи, зголемени странски инвестиции и повисок економски раст.

– Даночните приливи во буџетот, како процент од БДП, се намалија по воведувањето на рамниот данок. Следствено, се зголемија буџетските дефицити и јавниот долг. Странските директни инвестиции исто така се пониски во периодот по воведувањето на рамниот данок отколку во периодот претходно. Исто и економскиот раст, додава тој.

Според стопанственикот Глигоров, Македонија има ниски даноци, но во пакет со другите давачки, трошоците и натаму се големи.

– Даночната дисциплина се зголеми не толку заради рамниот данок туку заради пред се’ засилената контрола на терен и стриктното почитување на користење на фискалните каси. За да се подобри економијата, Либералната партија работи на модел во кој ќе може да извршиме намалување на даночните и другите стапки на зафаќања од граѓаните и бизнисите. Паралелно со ова, гледаме да вклучиме и поефтинување на дел од услугите што ги даваат владините институции и тела, како и јавните претпријатија. Ова ќе бидат директни придобивки за сите, вели Глигоров.

Во економија која не може да испорача одржливи и континуирани стапки на раст, невработеност поголема од 26%, постојан одлив на работна сила, а постоечката е ниско платена, мора да се спроведат политики за намалување на нееднаквоста, велат дел од економистите.

– Прво, потребен е целосен редизајн на системот на социјална заштита, за социјалната помош навистина да завршува кај оние на кои им е најпотребна. Второ, потребна е темелна реформа на јавниот сектор, за да се зголеми квалитетот на јавните услуги, како образование и здравство. Трето, потребна е поддршка на домашната економија од страна на државата, за зголемената потрошувачка да не заврши целосно во поголем увоз, туку да резултира во поголемо домашно производство, оценува за Порталб.мк, Јовановиќ.

Владата во неколку наврати информираше дека не планира промена на сегашниот даночен модел, кој добива позитивни коментари од страна на странските инвеститори кои отворија фабрики во слободните зони и се корисници на државна помош.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.