Иако работат, некои воопшто не можат да ја добијат заработената плата а за повеќе од 70% – просечна плата од 370 евра е недостижна. Постојано се менува законската регулатива што треба да ги штити работничките права – а тие права и натаму се газат, пишува Portalb.mk, во аналзиата.
Македонија е една од земјите во регинот и во Европа која последна ја воведе минималната плата, и овој потег Синдикатот предводен од Живо Митревски го прогласи за историска извојувана битка. Македонскиот работник во 21 век – како живее и дали у е згазено достоинството.
Каде е Македонија во однос на почитување на работничките права?
Најголем број на работници има во преработувачката индустрија повеќе од 137 000, следуваат секоторот земјоделство со повеќе од 120 000 вработени како и трговијата која апсорбира 104 500 работници. Во овие сектори и индустрии, кои предничат според бројот на работници, се делат и најниски плати. Така, во земјоделството просечната плата изнесува 272 евра а во трговијата пак 354 евра – и во двата случаи плати кои се пониски од репобличкиот просек. Според економистите, освен ниските плати, на пазарот на труд е и зкаонската регулатива која треба да ги штити и зајакнува работничките права.
“Во Македонија постојано се намалуваат работничките права. и ова не е само мое субјективно мислење, туку е емпириски факт кој го потврдуваат сите релевантни извештаи на оваа тема. на пример, според Херитеџ фондацијата, во 2006 година 56 земји во светот имале повисоки работнички права од Македонија, а во 2017 година, тој број изнесува 124 земји. Сметам дека законските решенија сѐ помалку и помалку, зашто работничките права постојано се намалуваат“ – вели економистот Бранимир Јовановиќ и додава:
“Можеби уште поважно, ни тие малку права кои работниците ги имаат не се имплементираат како што треба. Работодавачите постојано ги кршат правата на работниците и никој не реагира. Државните институции кои треба да го прават ова (Трудовата инспекција и судовите) потфрлаат во многу случаи“. Јовановиќ смета дека оваа состојба делумно е и последица на недоречена законска регулатива но пред се главната причина е отсуството на политичка волја.
Како една од историски извојуваните битки е воведувањето на минимална плата. Во 2012 започна исплатат на минималецот од 131 евро, а во годините што следуваат посепено таа растеше. Проценките беа дека од ова решение во првата фаза ќе се подобри стандардот на 65 000 работници. Според податоците што ги изнесува Митевски, до воведувањето, 38% од работниците не земалае плата, а сега тој процент не е поголем од 2 отсто.
“Добро е што конечно во Македонија пред неколку години се утврди минималната плата. Но, минималната плата ја утврди Владата а учеството на Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите беше само декоративна. Намерата вероватно била и Македонија да има најниска плата а колка ва е таа, дали таа ги задоволува основните потреби на работникот, дали е таа соодветна на неговиот труд, тоа никој не го покренува“ – вели Пецо Грујовски од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и задруженијата на граѓани УПОЗ.
Наспроти висината на минималната плата, која сега изнесува нешто над 160 евра, податоците токму од ССМ покажуваат дека месечните трошци за едно просечно семејство изнесуваат повеќе од 520 евра. Овој јас меѓу заработувачката и потребите, според оценките на сидкилаците повторно укажува на нискиот животен стандард што го има работникот во земјава.
“Македонија се претставува кај странските инвеститори како рај со плата од 200 евра,таму има работници кои мораат да работаат и повеќе од полното работно време и не смеат синдикално да се организираат и не смеат да ги бараат своите права. Наместо Македонија да нуди квалитетна работна сила со која ке ги привлече странските инвеститори,се нуди најефтина работна сила. Работата е уште на самиот почеток погрешна“ – вели сидикалецот Грујвски.
Според експертите и дел од преставниците на сндикатите, на полето на трудот потребни се промени. Пред се – приоритет треба да биде нов Закон за работни односи, потоа вистински социјален дијалог а не “пакт“ меѓу власта и сидикатите и потпишувње на колективни договори на сите нивоа. Дополнително, сидикалните движења, особено оние кои се дел од ССМ, во изминатиот период беа компромитирани и проследени со обвинувања за незаконска битка за задржување на синдикалните фотељи, што фрли сенка врз улогата и целата воопшто на синдикатите.

