Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Сиромашни, а во елитно друштво

0
By Нова ТВ on October 31, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија – топ реформаторска земја со квалитетна бизнис клима или само нормативно мерење што покажува дека економијата формално има напредок, но не и суштински. Оваа дилема се отвори повтроно, откако Светска банка го објави годинашното рангирање на “Дуинг бинзис“ во кое напреднавме за две места и се позиционирвме на 10 то, пишува Portalb.mk. во неделната економска анализа.  Како е можно земјава да е подобра од развиената Германија, или на истокот Кина?

Топ реформатор со длабока сиромаштија …

Од земјите кои се најдоа во првата десторка на ранг листата на “Дуинг бизнис“, Македонија е единствена економја која е во развој, сите останати се веќе развоени земји, како Шведска, САД, Велика Британија, Норвешка, Данска. Зад нас, според ова рангирање се развоената Германија и на истокот, на пример Кина. Ова мерење според дел од економистите и бизнисмените, е формално, мерки законски наопредок, но не и квалитативна примена на законите, со што не ја дава реалната слика за вистинската состојба со бизнис климата.

“Проценката на спроведените реформи според овој извештај  не е ништо друго освен една проценка околу подобрувањето на правната регулативе и условите за започнување на  бизнис. Во ова насока слободно може да кажеме дека Македонија од аспект на подобрување на правната регулатива има направено соодветни чекори кои и овозможуваат значително подобра проценка. Од друга страна, на пример, нестабилната политича состојба не е критериум во овој извештај, доколку беше, реалните ефекти од ваквите проценки ќе беа многу далечни. Сметам дека извештајот е далеку од реалната состојба со која се соочува бизнис заедницата. А дека состојбата не е сјајна и не се совпаѓа со реалноста може да се види ако се анализира  кои  земји се зад нас, како на пример една  Германија“, изјави неодамна за Portalb.mk економистит Арбен Халили.

Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ, извештајот кој ја рангира Македонија како “топ реформатор“ во светот се коси со реалноста во економијата.

“Овој извештај го сметам за контроверзен затоа што не е јасно дали тој се вкулопува со мисијата на Светска Банка која е насочена кон искоренување на сиромаштијата. Според мене има неколку проблематични точки. Една од нив е дека индикаторите според кои се врши рангирањето ги мерат правните аспекти, односно се однесуваат на “де јуре“ страната а не на “де факто“. Ова значи дека имплементацијата, односно примената на таа регулатива не е опфатена со извештајот. Ова значи дека некоја земја формално-правно може да обезбеди брз процедури за отворење на фирма, но прашање е како тоа функционира во пракса“, вели економскиот аналитичар Јовановиќ.

Според Владата, напредокот во годинашниот извештај е потврда за успешните политики и признание за спроведените реформи.

“Ова е историски резултат кој произлегува од големата посветеност и труд на Владата на Република Македонија, на сите кои беа и се задолжени за економските политики, кои работеа и работат на спроведување на низа реформи со цел да се подобрат условите за работа на домашните и странските компании во земјата. Република Македонија е петто рангирана земја во Европа, а пред нас се само Данска, Норвешка, Велика Британија и Шведска“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Зад ваквиот напредок, според министерот за финансии Миновски, стојат постигнати успеси и во даночната и во административната политика.

„Благодарение на континуираните реформи и настојувања за постојано подобрување, денес во Македонија се стопанисува побрзо и поевтино во однос на пред десет години или во однос на сегашните процедури во земјите од Европа, централна Азија и ОЕЦД. Така денес во Македонија се плаќа три пати пониска ефективна даночна стапка, три пати побрзо се увезува и извезува стока при што извозот е удвоен и намален е трговскиот дефицит“, истакна министерот за финансии, Кирил Миноски.

За почнување на бизнис, земјава е рабгирана на  4 то место, во однос на процедурите за вадење на градежни дозволи на 11 то. Во одно на критериумот  “снабдување со струја“, се наоѓаме на  29 место а за  “регистрирање на земјиште“ на  48 место. Според критериумот “одобрување на кредити“, земјава се најде на  16  то место. Македонија од 2006 до сега, секоја година бележи напредок на оваа ранг листа, па така од 94 то место во 2006 година, денес е на 10-то место.

Според дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Нуамов, нормативното мерење на Светска Банка не значи дека земјава е во групата на најуспешни економии.

„Дуинг бизнис ги гледа само нормативните мерки, значи што сте правеле нормативно, законски, дали сте имале некој напредок во тие нормативни мерки. Од друга страна Светска банка исто така имаше еден извештај кој се однесуваше на Република Македонија, во кој имаше многу критики, пред се во намалувањето на приватните инвестиции“, изјави Наумов.

И дел од бизнисмените укажаа на нормативниот напердок што го мери ова рангирање, но не и квалитативното подобрување на бзинси климата.

“Од аспект на инфраструктурата која секојдневно ги тангира компаниите, ние секогаш инсистираме тие инвестиции да бидат насочени кон подобрување на условите за бизнис“, вели за Portalb.mk претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Додека “Дуниг бизнис “ не рангира високо, во првата “десетка“, од друга страна земјава е во групата на оние со најголем број на сиромашни луѓе, односно секој четврти живее под линијата на сиромаштија, неможејќи да ги задоволи ниту основните егзистенцијални потреби. Според најновото истражување на Заводот за статистика, во Македонија 444 500 граѓани живеат под праг на сиромаштија, со пет долари на ден, не можејќи да ги задоволат ниту основните животни потреби.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.