Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Сиромаштијата удри по многудетните семејства

0
By Нова ТВ on May 21, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Алармантен тренд на осиромашување открива последното истражување на Заводот за статистика со наслов „Лаекен индикатори за сиромаштија“. Само за една година, или од 2012 до 2013 година бројот на сиромашни семејства со најмалку две деца се зголемил за речси 6.500. Истражувањето покажа дека сиромаштијата на ниво на државата се намалила, но и натaму тоа не ја менува сликата дека секој четврти граѓанин не може да ги задоволи основните животни потреби. Економистите и социолозите посочуваат дека сиромаштијата не се искоренува со пропагнда, туку со конкретни мерки и стратегии, се вели во анализата на Порталб .

Само за една година, нови 6.500 сиромашни семејства

Во Македонија има 500.400 лица што живеат под праг на сиромаштија. Новите податоци на статистиката покажуваат дека во 2013, стапката на сиромаштија изнесувала 24,2% и во однос на годината претходно таа се намалила за 2 проценти. И покрај ова намалување, според социолозите и натаму секој четврти граѓанин во земјава не може да ги задоволи основните егзистенцијални проблеми.

– Практично ние во последните десет години и немаме позначајно поместување кога зборуваме за сиромаштија. До 2002 година стапката се движеше под 20 отсто, но потоа, откако се зголеми, се движи околу 30 отсто, секое вакво минимално намалување воопшто не влијае, односно не укажува на позначително менување на состојбата, вели универзитетскиот прфесор, социологот Илија Ацевски.

Она што дополнително алармира е продлабочувањето на сиромаштијата кај многудетните семејства. Имено, според статистиката, 147.578 домаќинства со две деца помали од 14 години.
Во споредба со 2012, бројот на овие сиромашни семејства се зголемил за нови скоро 6.500.

Еве колкава е стапката на сиромаштија кај дел од домаќинствата според бројот на членови: кај семејства со двајца возрасни и две деца 24,8%, најдлабока е сиромаштијата кај многудетните семејства со двајца возрасни со три или повеќе издржувани деца 49,9%, потоа стапката на сиромаштија во домаќинство од самохран родител со издржувани деца изнесува 29,9%.

Најниски стапки на сиромаштија пак има кај лицата што живеат сами или пак семејства без деца.

Овие податоци, според социолозите покажуваат дека сегашните политики, кои често се обоени и со пропаганда, тешко даваат резултати.

– Кај четиричлените семејства, кои се сметаат за најбројни, главно има по еден вработен и тој е со ниски примања. Овие семејства, особено оние со децата на возраст од 10 до 17 години, имаат и поголеми трошоци поради поголемите потреби за децата, нивно издржување и образование. Тоа е таа најранлива категорија на граѓани, објаснува социологот Ацевски.
Од друга страна за да ги стимулира многудетните семејства, кои често се и на листата корисници на различни видови на државна помош, освен што годинава владата одлучи да ја зголеми помошта за 10%, веќе спроведе и програма за финасирање на песни со тема семејство и семејства со многу деца, историска тематика и детски песни. За оваа намена, владата објави дека ќе одвои пет милиони евра во период од десет години.

Има ли решение за сиромаштијата

Последното статистичко мерење покажа дека и натаму најдлабока стапка на сиромаштија има кај најранливите категории на граѓани, кај невработените од 43,7%, со намалување во однос на состојбата од 2012 година. Од друга страна, не се намалува стапката на сиромаштија кај вработените, која останува на исто ниво од 11,1%.

– За жал трендот е долгогодишен, а Македонија никогаш не успеа да се извлече од тој магичен круг на сиромаштијата и никогаш не успеавме барем да се приближиме кон тие стандарди на западниот свет.

Сиромаштијата се јавува на различни ниво и во различни форми, со различен интензитет но во секој случај генерлната оценка и слика е дека ние се уште не успеваме ниту одблиску да градиме, односно да наликуваме на некаво богато општество. Интересно е дека тој тренд на осиромашување сега се јавува и како резултат на новите отпуштања и откази во фирмите поради крзата, но тоа е само екстерн фактор, а секако, тука се интерните фактори – оцени неодамна социологот Ѓорѓи Тоновски.

Економистите препознаваат неколку начини за искоренување на сиромаштијата: прво , да се направи Структурна анализа од страна на државата со прецизни податоци за тоа кои се категориите на лица што се сиромашни во континуитет, особено анализа за оние кои повеќе од една година се сиромашни по што треба да се добие одговор за карактерот и економската позиција на семејствата на кои тие луѓе припаѓаат. Следен чекор се новите вработувања но не во јавниот туку во приватниот сектор и третото прашање се однесува на степенот на формалните и неформалните квалификации, знаења и стручност кои треба да ги поседува невработениот, односно според економистите мора да постои Национална Стратегија на државата за планирање на работната сила според доминантните дејности и гранки кои што државата ги подржува преку различни форми на субвенционирање.

Според документот “Милениумски развојни цели”, посветен за Македонија токму годинава , сиромаштијата во земјава треба да се сведе на само 9,5 отсто, стапка која според социолозите остана само прокеција на хартија.

Според еден од извештаите на Светска Банка, бројот на луѓе во Македонија што живеат со помалку од 2 долари на ден (што е параметар за дефиницијата за сиромшатија) во 2012, година се зголемил на 140.000, при што се бележи раст на оние што не можат да ги задоволат основните животни потреби. Според анализата, само 5 проценти од граѓаните располагаат со 49 отсто од доходот во земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.