Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Страв од неизвесност – штедењето забави

0
By Нова ТВ on May 18, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По податоците за пад на индустриското производство и по оценките на бизнисмните дека економската состојба во фирмите се влошува, и банкарскиот сектор испрати сигнали дека неизвесноста од политичката криза се одрази и кај штедењето и кај кредитирањето, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk .

Во април, Народната банка регистрираше намалување на депозитите кај население и кај фирми. Дел од бизнисментите очекуваат стабилизација по формирање на нова, реформска Влада која според нив ќе ја чекаат бројни политичко-економски предизвици.

 И штедењето – во сенка на политичката криза

По сигналите што ги испрати индустријата, намалените проекции за економски раст и влез на странски инвестиции, и банкарскиот сектор во сенка на неизвесноста од политичката криза.

“Првичните податоци за април 2017 година покажуваат пад кај штедењето во однос на претходниот месец. Ваквите остварувања го одразуваат намалувањето на депозитите и кај двата сектора, населението и претпријатијата, иако поумерено кај депозитите на населението во услови на зголемена неизвесност“ – посочуваат од Народната Банка.

Дел од економистите уште на стратот од оваа година предупредија дека неизвесноста се прелеа и во 2017 година, а слични оценки дадоа и стопанствениците. Сметаат дека сега, кога веќе се соочуваме со последи од кризата, значајно е какви потези за економијата ќе следуваат со формирање на нова Влада.

‘Новата Влада ќе се соочи со огромен број на предизвици е секако дека ќе биде многу тешко да се приоритизираат одредени сегменти. Но секако ако би требало да поставиме прироритети би било следното: ребаланс на буџетот и остранување на непотребни/непродуктивни трошоци како и насочување на силите кон зголемувањето на капиталните инвестиции т.е да се постигне максимум искористеност на средствата во делот на капитлани инвестиции. Во овој период да се започне со дијалог за можно преструктурирање на буџетските трошоци“ – вели за Portalb.mk Фатмир Бутќи од Стопанската комора на северозапдна Македонија и додава:

“Второ но не помалку важно би требало да биде започнувањето на отворен дијалог со сите чинители во општеството за долгорочна стратегија за економски развој на земјата. Без овој чекор, залудни ќе бидат сите поединечни мерки што евентуално владата ќе ги започне. И трето сметаме дека треба да има конкретни чекори на враќање на владеење на правото како и на не селективно спроведување на законите. Ова последното, осоебно е важно за да се врати довербата на стопанството во институциите и владеење на правото“.

Според гувернерот Димитар Богов, монетарната политика  ќе продолжи да биде сигурен партнер на макроекономската политика  за да се одржи севкупната макроекономска стабилност, но сепак тој смета дека креаторите на политиките треба посмело да пристапат кон  реформи и побара фискална консолидација.

“ Алармот е вклучен и за фискалната политика која во многу земји стана прекомотна со политиката на ниски каматни стапки. Потребно е затегање на фискалните услови што ќе овозможи фискална консолидација“ – изјави неодмна гувернерот Димитар Богов.

Сите сегменти на економијата веќе пратија сигнал за влошување поради политичката неизвесност, точно е дека заздравувањето на системот и  враќањето на довербата нема да одат лесно – но тоа ќе биде неминовен процес во кој освен креаторите на политиката мора да биде вклучен и граѓанскиот сектор и бизнисот, смета стопанственикот Бутиќи.

“Опоравувањето на системот секако дека ќе биде тежок процес но не значи дека треба да се обесхрабрат, туку напротив тоа би требало да биде дополнителен мотив за нив за да докажат дека навистина ја сакаат оваа земја и работат за државните интереси. Секако сметаме дека политичката волја, конзистентноста во вредностите кои што се промовираат и се спроведуваат од нив самите како и бескомпромисното соочување со сите негативни појави може да бидат добар показател за заздравувавње на севкупниот општествен систем. Секако мора да постои широк дијалог помеѓу сите чинители (влада – граѓански сектор – приватен сектор) во креирањето на патот кон здравиот и оддржливиот општествен процес во Македонија“ – вели за Portalb.mk Бутиќи.

Европската комисија во својот последен извештај објави оптмистички прогнози за раст на економијата, но сепак укажа на ризиците и поседиците и побара намалување на дефицитот, то треба да повлече и намалување на јавниот долг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.