Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите?

0
By Нова ТВ on January 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 21, 2021 10:05

Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба. На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пишува „Порталб“. Позади ова стојат повеќе причини, а една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините.

На истекот од 2020 година, Државниот завод за статистика регистрира „негативни“ трендови во градежниот бизнис. Во ноември во споредба со истиот месец минатата година е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат. Конкретно, во единаесетиот месец од 2020 г. биле издадени 208 одобренија за градба на територијата на целата држава што е за 14,4 отсто помалку во однос на 2019 г., истиот месец.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53.9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9.6 отсто) за објекти од нискоградба и 76 (36.5 отсто) за објекти за реконструкција – наведува Заводот за статистика.

Предвидената вредност на објектите во ноември изнесувала 31,2 милиони евра што е за дури 22,2 отсто помалку во однос на анализираниот период лани. Само кај предвидената изградба на станови регистриран е пад за дури 61,6 отсто.

 

Во ноември била предвидена изградба на 302 станови, најголем дел или 91 во скопскиот регион, 50 во североисточниот регион, 47 во југозападниот регион и 33 во вардарскиот регион. Во останатите региони била предвидена изградба на помалку од 30 станови.

Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење во одредени општини и зголемените трошоци во градежништвото ја зголемија цената на метар квадратен – коментираат луѓето од градежниот бизнис.

Во изминатиот период се забележува тренд на постојано зголемување на цените на недвижностите. За ова постојат повеќе причини. Една од клучните е што се зголеми цената на трудот во овој сектор, односно зголемени цени на услуги во градежништво, потоа се зголемија и цените на градежните материјали во 2020 година – уште еден фактор што влијаеше врз пораст на трошоците за работа, вели Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија.

Овој тренд на ценовен пораст го регистрираше и Народната банка – на крајот од 2020 година е регистриран раст од 1,7 отсто. Но, не само трошоците, туку и сегашните мораториуми предизвикаа „поместувања“ на пазарот на недвижности. Во бизнис круговите се коментира дека цената на квадратен метар во Центар достигнува и до 1.300 евра за нов стан.

Врз цената на становите неизбежно влијаеше и мораториумот на териорија на општина Центар, односно неможноста за градење што предизвика застој во градежните работи, па дури и загуби за одредени фирми. Овој мораториум се покажа како незаконски, што беше потврдено од Уставен суд. Потоа на територија на општина Карпош имавме укинати Детални Урбанистички Планови по вина на Општината, а од страна на Уставен Суд. Сите овие политики имаат влијание во бизнисот, во понудата на пазарот, вели Јакимовски и додава дека и со сегашните цени на недвижности Македонија во споредба со земјите од опкружувањето има најниски цени за метар квадратен станбен простор.

Податоците од банките покажуваат дека во ноември, на годишно ниво, регистриран е пораст на станбените кредити за 13,6 проценти. Граѓаните на крајот од ноември по основ на станбени кредити во банките должеле 930 милиони евра.

извор: вистиномер.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.