Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Употребата на вето во ЕУ во изминатава декада и половина

0
By Zoran Ivanov on December 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 24, 2025 11:46

Паралелно со проширувањето, од 2011 година наваму, користењето на ветото во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (која ги опфаќа надворешната политика, дипломатските ставови и санкциите), е силно концентрирано кај мал број земји-членки. Најмногу вета има  употребено Унгарија, вкупно 19,  и тоа најчесто поврзани со блокирање на санкциите кон Русија, помошта за Украина и изјавите на ЕУ за човекови права и демократија.

Тони Поповски

Несоменено и најмногу поради агресијата на Русија врз Украина, се зголемува притисокот врз Советот на ЕУ и наклонетоста на севкупната јавност во државите членки на ЕУ за нов бран на проширување. Истовремено, најголема закана за овој процес останува правото на вето на државите членки на ЕУ.

Во продолжение една моја куса анализа на хронологијата на употребата на овој механизам во процесот на проширување на ЕУ но и по однос на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Притоа, во предвид треба да се има дека поттикот за ново проширување во моментов произлегува од тековните  надворешно – безбедносни предизвици.

Прв („Big-Bang“) бран на проширување – Централна и Источна Европа (1998–2004)

Првото големо проширување по Студената војна кулминираше во 2004 година, кога десет држави станаа членки на ЕУ. И покрај големиот обем на проширувањето, формални и експлицитни вета беа ретки. Наместо тоа, политичкиот притисок се остваруваше преку условеност, заштитни механизми и неформални закани за блокирање. Кај овој бран, најексплицитни беа приговорите на Австрија поврзани со нуклеарната централа Темелин во Чешката Република, особено во однос на нуклеарната безбедност.

Овие загрижености создадоа политички тензии и закани за опструкција, но не прераснаа во трајно, формално вето во Советот против пристапувањето на Чешка. Погранични прашања, прашања за малцинските права и историски спорови постоеја низ целиот регион, но во голема мера беа решени пред пристапувањето, со посредство на Европската комисија.

Втор бран на проширување – Бугарија, Романија (2007) и Хрватска (2013)

Во оваа фаза, земјите-членки станаа поподготвени да користат вета за проширување или блокади на ниво на преговарачки поглавја за решавање билатерални спорови. По однос на Бугарија и Романија (2007), повеќе земји-членки изразија сериозни загрижености во врска со владеењето на правото, корупцијата и судските реформи, а по однос на Бугарија, беше утврдена предпристапна обврска за затворање на реакторите од Советско потекло, на НЦ Козлодуј, со сериозен финансиски импакт врз бугарската економија во тој момент.

Сепак, треба да се истакне дека наместо директно да го блокира пристапувањето, ЕУ го воведе Механизмот за соработка и верификација (CVM). Ова претставуваше функционална замена за вето: пристапувањето беше дозволено, но под дотогаш невиден постпристапен мониторинг, како и со елементи на фазна интеграција (Шенген зона, а потоа и Еврозона).

Единствен покрупен случај во оваа фаза беше, блокадата на Словенија кон Хрватска (2008–2009) на отворањето и затворањето на повеќе преговарачки поглавја во пристапните преговори, поврзано со билатерално гранично прашање (Заливот Пиран). Блокадата беше укината дури по арбитражен договор посредуван од ЕУ.

Трет (тековен) бран на проширување

Западен Балкан, земји од Источното партнерство (2018 – денес)

Оваа фаза се карактеризира со чести, експлицитни вета и со растечка перцепција дека проширувањето е заложник на билатерални спорови. Грција со години го блокираше отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ поради спорот за името. Ветото беше укинато дури по Преспанскиот договор (2018).

Потоа, во 2019 г., Франција не даде едногласна согласност за отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, наведувајќи загрижености за методологијата на проширување. Иако беше претставено како институционална реформа, а не како билатерален спор, тоа функционираше како вето за проширување на ниво на Европскиот совет.

Ова доведе до ревизија на процесот на проширување. Една година подоцна во 2020 Бугарија формално го блокираше усвојувањето на преговарачката рамка на ЕУ за Северна Македонија. Причините вклучуваа спор околу јазикот, историјата и националниот идентитет на Македонците. Ветото беше формално укинато во 2022 година по компромис поддржан од Советот на ЕУ и усвојување на Рамката на преговори за Македонија.

Во последните ттри години, Унгарија повеќепати се закани или ја користеше својата блокирачка моќ во одлуки поврзани со Украина, Молдавија, вклучително отворање на преговарачки кластери и финансиско и политичко условување на напредокот кон членство. Овие дејствија особено на Унгарија, сè почесто се опишуваат како системска употреба на ветото како средство за притисок, а не како изолирани спорови.

Паралелно со проширувањето, од 2011 година наваму, користењето на ветото во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (која ги опфаќа надворешната политика, дипломатските ставови и санкциите), е силно концентрирано кај мал број земји-членки.

Најмногу вета има  употребено Унгарија, вкупно 19,  и тоа најчесто поврзани со блокирање на санкциите кон Русија, помошта за Украина и изјавите на ЕУ за човекови права и демократија.

По неа следи Полска со околу 7 вета, додека Кипар и Грција имаат користено вето главно во контекст на односите со Турција и прашањата во Источниот Медитеран. Во овие случаи, ветото беше оправдувано како инструмент за заштита или унапредување на национални интереси во долготрајни геополитички спорови.

Повеќето други земји-членки го користеле ветото во надворешната и безбедносната политика на ЕУ ретко или само еднаш. Италија има неколку вакви случаи, додека Шпанија, Словачка и Малта се појавуваат со ограничен број интервенции. Останатите земји се евидентирани само со поединечни вета, најчесто поврзани со конкретни декларации или формулации.

Генерално, оваа слика покажува дека ветото во рамките на заедничката надворешна политика не е рамномерно распределена практика, туку повторлива стратегија на мал број влади, што ги засилува дебатите за одржливоста на правилото на едногласност во надворешното дејствување на ЕУ.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

анализа блокади ЕУ Тони Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.