НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА: Занаетчиите се борат за опстанок, Владата ќе ги менува излозите?

0
By Нова ТВ on April 6, 2015 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека Владата го крои планот за унфицирање на изгледот на старите скопски чаршии, во кои главно се сместени занаетчиите, на терен, според еснафските здруженија, занаетчиството се бори за опстанок. Годинава се променети условите за аплицирање за државна помош за занаетите, тука се обврските за изработување на елеборати, фискализацијата и серија на други давачки, кои според еснафите ја отежнуваат состојбата, анализира Порталб.

Во мај, според Владата ќе се знае дизјанот на новите излози во старата Скопска чаршија. Според занаетчиите и за еснафските здруженија, целта на оваа одлука е нејасна и отвора многу дилеми.

Ќе се менува ликот на старите чаршии – зошто?

Ако навистина сака да им помогне на занаетчиите, Владата не треба да го менува изгледот на чаршиите, туку да размисли за висината на давачките и обврските што ги имаат кон државата, сметаат занаетчиите. Најголемиот број на еснафи се наоѓаат во Скопје, ги има околу 1 200 а по нив, колку 400 се во Битола.

„Од 1.јануари годинава, занаетчиите што имаа приходи поголеми од еден милион денари имаат обврска да стават фискални каси. Претходно ова се однесуваше на приходи над два милиони денари. Од друга страна се поголем број на занаетчии ставаат клуч на врата бидејќи не може да се опстане“, вели за Порталб еден занаетчија од Битола.

Друг занаетчија од Скопје посочува дека од година во година обврските кон државата се се поголеми, а доколку не се исполнат, следуваат казни.

„Ние како дуќанџии целосно сме финанасиски исцрпени. Имаме обврска да правиме елаборати, да воведуваме ХАСАП систем, да изработиме изјави за безбедност при работа, тука и фискализација, и сето ова чини пари. Сега едвај крпиме крај со крај, да се подмират давачките кон државата, зошто во спротивно ни се закануваат казни, потоа да исплатиме плати и толку. Никој нема пари за инвестиции“, вели занаетчија од старата Скопска чаршија.

Додека занаетчиството се бори за опстанок, Владата веќе ја турка идејата за унфицирање на изгледот на старите чаршии, најпрво во Скопје а потоа на дневен ред ќе дојдат и битолската и охридската чаршија.

Според најавите од Министерствто за економија, идејата е типски да се уредат златарниците, дуќаните за чанти, кујунџиските дуќани и на свој начин да се окарактеризираат угостителските објекти. Креаторот на ова решение смета дека сето тоа ќе се спроведе со строго утврдени димензии на големината на излогот, на знаците, буквите, осветлувањето, а при тоа да се зачува автентичноста на Чаршијата. Минисетрството за економија по 20 април, ќе ги разгледува пристигнатите решенија.

Од Занаетчиската комора во Скопје велат дека не се информирани и не ги знаат деталите од владиниот план за унфицирање на чаршијата.

„Немаме конкретни информации, од она што го знам, мислам дека има отворени неколку прашања. Пред се како би се унифицирале дуќаните на еден шапкар, златар или ковач, кога тоа се различни прфили на занаетчии, еснафи. Немаме информација ниту за дизајнот на излозите. Ние имаме евиденција дека опстојуваат околу 800 деловни единици, нејсно е дали сите ќе бидат унифицирани“, велат од Занаетчиската комора – Скопје.

Сличен став имаат и битолските еснафи.

„Каква вредност има брендирањето и унифицирањето на чаршиите, кога занаечиите се повеќе ги затвораат дуќаните. Ако во Битола некогаш имаше илјада занаетчии, сега ги има само 400. Затворањето на дуќаните е поради неколку причини, прво фисклизацијата, а потоа е се повисоките казни и обврски кон државата“, вели Димче Палензов од Занетчиската комора – Битола.

Според информациите од занаетчиите, годинава се промениле и условите за добивање на државна помош за одредени еснафи. Имено, лани занетчиите имале можност да аплицираат за државни субвенции за опрема и материјали, и откако ќе склучеле договор со државата, почнувале со инвестицијата која подоцна им била покриена со субвенции. Годинава, правилата се промениле, имено занаетчиите прво мораат да влезат во инвестициски циклус а потоа да аплицираат за државни средства, пришто нивната апликација за државни средства може да биде одбиена.

„Имаше најава дека државата ќе создава, односно ќе помогне да се формираат занаетчиски улици, квартови, во кои ќе бидат лоцирани стари занаети. Но како што поминува времето, наместо да им се помага, на занаетите како да им се одмага. Точно е дека државата понуди мерка со која три години занаетчиите се ослободени од плаќање на персонален данок, тоа е околу 75 000 денари годишно, но јас ќе речеам дека без пригод од 150 000 денари, не може да се опстои, така што овие мерки во вакви услови не можа да помогнат“, смета Палензов.

Од 2008 година Старата скопска чаршија е заштитена со Закон за култутно наследство од особено значење. Според овој закон дадени се границите на заштитеното добро, односно што е дозволено а што не е дозволено да се презема.

Експертите велат дека иако дуќаните се клучната карактеристика на чаршијата, симбол за едно минато време, сепак во законот не е наведено ништо конкретно околу менувањето на дуќаните.

Во 2010 година Законот според кој Старата скопска чаршија се именува како културно наследство од особено значење, претрпе измени. Во измените беше посочено дека заради заштита, уредување, ревитализација и рационално користење на Старата скопска чаршија еден урбанистички план ќе важи за целата површина на споменичката целина.

Планот според измените треба да се изработува врз основа на заштитино-конзерваторски основи, изготвени од надлежна јавна установа за заштита, а планот треба да го носат општините Центар и Чаир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.