Има голем број на заболени млади луѓе и смртни случаи меѓу нив и заради тоа ги правиме анализите кои започнаа во текот на викедов и се надевам дека до крајот на неделава ќе бидат завршени, изјави денеска на прес конференција министерот Филипче.
„Имаме многу тешки форми на болеста кои не можевме да ги поврземе со ништо претходно. Вирусот е многу непредвидлив, има многу непознаници не само кај нас и во светот и нема терапија што недостасува. Во анализите ќе влезат повеќе фактори, како возраста, податоци за време на доаѓање, хронични болести. Кога ќе ги имаме конкретните податци ќе ја известиме јавноста“, рече Филипче.
Тој потенцира дека ова уште еднаш покажува дека почитувањето на мерките и препораките е клучно за заштита. Птон се однесува до хроонично болните кои од утре треба да се вратат на работа тој потенцира дека нема проблеми со системот „Мој термин“ и секој можел да закаже преглед кај специјалист.
„Мој термин“, во ниту еден момент не бил блокиран, ни е го следиме тоа и хроничните болни можат да закажуваат термини освен на Клиниката за пулмологија каде што има многу пациенти.
Дома остануваат сите хорнично болни за кои специјалист ќе утврди дека има потреба од тоа, односно дошло до влошуавње на болеста. На работа се враќаат сите оние кои што можат нормално да функционираат и да работат“, рече Филипче.