Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализи, ИМА: Во предизборието во 2024, проруски пропагандисти ги прогласуваа Албанците како граѓани од прв ред, а Македонците како „граѓани од втор ред“

0
By Marija Todorovska on June 11, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2024 14:59

Институтот за медиуми и аналитика ИМА детектираше поларизација по етничка основа, како пред дебатата за уставни измени во 2023, така и во контекст на иницираните уставни измени, кои беа поставени како услов за продолжување на преговорите со ЕУ.

– Етноцентричните наративи кои поттикнуваа етничка поларизација и потпалуваа етно-политички страсти беа препознатлив белег и во 2024 година, особено во контекст на кампањата за претседателските и парламентарните избори. За време на изборите во 2024 година, и Мисијата за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР детектираше не само „силна политичка поларизација и фрагментација“, туку и „значителна поларизација по политички и етнички линии“. ОБСЕ/ОДИХР јавно укажа дека во текот на кампањата забележала „случаи на дискриминаторска реторика, вклучувајќи и употреба на националистички слогани, како и некои случаи во кои се мешаа постапките на политичките партии со оние на етничките заедници“, вели Жарко Трајаноски – раководител на истражувања во ИМА.

И Институтот за медиуми и аналитика ИМА во 2024 година детектираше продлабочување на политичката и етничката поларизација, преку користење штетни пропагандни наративи, кои не само што ги потпалуваат етнонационалистичките страсти, туку и поттикнуваат на дискриминација и омраза врз етничка, национална и политичка основа.

Во публикацијата: „Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси (анализи)“ на ИМА се наведува дека политичко-пропагандниот наратив дека етничките Македонци се „граѓани од втор ред во нивната сопствена држава“ беше со години негуван во јавната комуникација од повеќе политички субјекти, вклучително и од партии и политичари со експлицитно проруска ориентација.

– Во предизборието во 2024, проруски пропагандисти експлицитно ги прогласуваа Албанците во Македонија како граѓани од прв ред, а Македонците како „граѓани од втор ред во сопствената национална држава. Политичко-пропагандниот наратив дека етничките Македонци се „граѓани од втор ред во нивната сопствена држава “беше негуван и претходно од ВМРОДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски, а истиот беше препознатлив како еден главните политички наративи во кампањата за двојните избори во 2024 година. Во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во 2024 година, ваквиот етноцентричниот наратив беше проширен и надграден со тврдењето дека не биле само Македонците граѓани од втор ред, туку и сите други граѓани без разлика на етничката припадност, а кои не биле дел од владејачката елита на СДСМ и ДУИ, се вели цо анализата.

Проф. д-р Мирјана Малеска – универзитетски професор по политички науки во анализата пишува дека нема десно, нема лево, се обесмисли изјавата дека за Албанците ‘сонцето изгрева на Запад’….

– Со стивнување на предизборната еуфорија, национализмот е привремено закачен на клинец како добро искористена добитна стратегија на вештите политички претприемачи, сè додека одново не притреба. За среќа, денес сепак живееме во постабилно опкружување отколку на почеток на деведесеттите и се очекува секој внатрешен политички проблем да се решава низ дијалог. Суштинската разлика меѓу таканаречената ‘левица’ и ‘десница’; на оние кои влечат кон интегрирање на земјата во сојузот на западни демократии и оние кои се за статус кво; меѓу оние кои стојат зад националистичка програма и реторика и оние кои се за интегрирано општество – тешко ќе ја препознаете во нивните идеолошки прокламации, кои се прилично слични меѓу себе. Неа ќе ја најдете во реалната политика, од осамостојувањето на земјата во 1991 година до денес, анализира професорката.

Овие триесетина години, според неа, се покажа кој за што се залага и каква политика води. ‘Левицата’ или политичките сили за демократска промена, ако под тој поим условно ги подведеме СДСМ и ДУИ, направи неколку важни чекори за стабилизирање на земјата и остварување на нејзините стратешки цели: го спроведе Охридскиот рамковен договор (ОРД); го потпиша и изгласа Договорот од Преспа; го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и бриселскиот т.н. „Француски предлог“.

– ‘Националистичката десница’ или политичките сили на статус квото, ако под тој поим ја подведеме пред сè ВМРО-ДПМНЕ и партиите што гравитираат кон неа, се спротивстави на промените на општинските граници и законот за употреба на албанскиот јазик договорени со ОРД, а ги бојкотираше договорите со Атина, Софија и Брисел, прогласувајќи ги за штетни, понижувачки, безрбетнички и спротивни на македонските национални интереси. Втората разлика е во визијата за поголемо интегрирање на заедниците и граѓаните, наречена ‘едно општество за сите’, која во предизборната кампања и програмите на оние што ја сочинуваат новата власт, не постои, подвлекува таа.

Според д-р Сефер Тахири – универзитетски професор по новинарство и комуникациски науки во 34-годишната историја на политичкиот плурализам во Северна Македонија докажува дека меѓуетничките односи, особено оние меѓу Македонците и Албанците, се (зло)употребуваа од политичките партии на парламентарните, претседателските, па дури и на локалните избори.

– Меѓуетничките односи во дискурсот на политичките партии Како столб на политичката стабилност и безбедност, меѓуетничките односи се „клуч“, особено за десничарските партии, за освојување на што е можно повеќе гласови за време на изборите. Во таа насока, дел од медиумите честопати беа продолжена рака, односно ги афирмираа, но и поттикнуваа етноцентричните наративи што се произведуваа во партиските лаборатории. Повеќето медиуми, без разлика дали се јавни (во Северна Македонија концептот на јавни медиуми е непостоечки, бидејќи тие сè уште се третираат како државни), приватни или комерцијални, служеа повеќе како „гласноговорници“ на политиката, наместо да бидат во функција на јавниот интерес, анлизира Тахири.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.