Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНБ: До денот на задржување во Србија, Миленкоски имал важечки безбедносен сертификат врз кого не биле спроведени безбедносни проверки

0
By Mirjana on September 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 20, 2021 16:51

Постапката за добивање на безбедносни сертификати се спроведува во рамките на строго законски определена постапка и истата започнува со поднесување барање за издавање на безбедносен сертификат до Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во согласност со член 45 од Законот за класифицирани информации, соопшти денеска Агенцијата за национална безбедност во врска со безбедносните сертификати на лицата поврзани со случајот со приведувањето и одредување екстрадициски притвор на Миле Миленкоски во Србија по црвена потерница од страна на Интерпол. Во соопштението се додава дека Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (член 53 од Законот за класифицирани информации) Агенцијата за национална безбедност (член 4 и член 8 од Законот за АНБ) врши безбедносни проверки за лица заради утврдување на безбедносни пречки за издавање на безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации.

– Од извршената ревизија на постапките за спроведени безбедносни проверки е констатирано дека од денот на формирањето на Агенцијата за национална безбедност на 1 септември 2019 година до 27 август 2021 година, денот на приведувањето на М. Миленкоски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации нема доставено барање за спроведување на безбедносни проверки, ниту за Миленкоски, ниту за останатите две лица споменати во медиумите. Воедно е утврдено дека од трите споменати лица, важечки безбедносен сертификат до денот на задржувањето во Србија имал само Миле Миленкоски и истиот е издаден врз основа на извршена безбедносна проверка од втор степен од страна на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање на 9 февруари 2019 година. За останатите две лица е утврдено дека не располагаат со важечки безбедносни сертификати, наведува во соопштението АНБ.

Според АНБ, не се вистинити ниту информациите во некои од медиумите дека која било од останатите засегнати институции во земјата до денот на притворањето на М. Миленкоски во  Србија, доставиле информација до Агенцијата за национална безбедност за наведениот случај.

– Агенцијата за национална безбедност поаѓајки од своите законски надлежности, а согласно барањето за ревизија на издадениот безбедносен сертификат налицето Миле Миленкоски доставено на почетокот од овој месец презеде соодветни активности за преиспитување на исполнетоста на условите утвредни од поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање и за одземање на безбедносниот сертификат на горенаведеното лице, нагласуваат оттаму.

Агенцијата и во наредниот период, како и досега, се додава во соопштението, ќе продолжи за сите сознанија поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата да ги информира со закон утврдените субјекти. -Сите останати прашања поврзани со статусот, третманот и натамошно процесуирање на лицата инволвирани во горенаведениот случај се во надлежност на со закон утврдени институции во Република Северна Македонија, истакнува АНБ.

АНБ Миленковски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.