Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андонов-Пред да одлучи за Макпетрол,КХВ да го истражи Балкан Петролеум

0
By Нова ТВ on July 5, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 5, 2016 11:07

По информациите дека „Балкан петролеум“ обезбедила 47,5 милиони евра банкарска гаранција за да го купи „Макпетрол“, но и затоа што рокот на Комисијата за хартии од вредност (КХВ) во кој треба да се изјасни околу понудата, истекува за четири дена, се интензивираат реакциите за случајот, објави Фокус.

Во пресрет на одлуката на КХВ, која е клучна за понатамошната судбина на македонската нафтена компанија, а при тоа ако се следат законските критериуми и услови кои една компанија мора да ги исполни за да може да се појави како понудувач, а потоа и купувач, тогаш оваа сомнителна офшор фирма е на добар пат. Но, дали Комисијата ќе ги следи само нормативните услови набројани во законот, или ќе се позанимава и со историјатот на фирмата која сака да го преземе „Макпетрол“, особено со основачот.

Универзитетскиот профеор Марко Андонов смета дека законот пропишува формално правни критериуми врз основа на кои КХВ одлучува, но дека Комисијата како регулатор мора да ги следи и другите информации, особено медиумските кои ја доведуваат во прашање сериозноста и репутацијата на новоформираната компанија.

-Јас да сум регулатор ќе барам од основачот на компанијата да ми ги даде на увид сите нејзини извештаи. Ова треба да го направи КХВ пред да донесе каков било заклучок во врска со понудата на купувачот. Ова е многу важно, освен проверка на фирмата понудувач, да се проанализира историјатот на основачот и така КХВ да стигне до релевантни податоци, до оние податоци кои медиумите започнаа да ги објавуваат. Регулаторот ако сака може да открие и многу повеќе од тоа, изјавува професорот Андонов. Тој своите анализи ги прави и врз основа на искуството затоа што работеше во Секторот за супервизија во КХВ.

Ваквиот предлог на Андонов произлегува од важноста на прашањето, оти од една страна „Макпетрол“ не која било компанија, туку сериозна нафтена фирма со голем удел во македонската економија, од друга пак, понудувачот „Балкан петролеум“ е комплетно сомнителна оти луѓето кои стојат зад неа се со криминално и коруптивно досие.

-Сопственичката структура е секако важен сегмент кој мора да се следи пред да се донесе каков било заклучок. Да не заборавиме дека на увид мора да се имаат финансиските извештаи, репутацискиот ризик, како и рејтингот на компанијата. Ако офшор формиран пред еден месец со јасна намера и конкретна цел се појавува како понудувач, тогаш мора да се проверуваат и други работи, освен дали се исполнети условите од законот. Видете, „Макпетрол“ е специфична компанија, со специфичен бизнис, станува збор за горива, плин и гас, затоа новото на внимателност мора да е повисоко, коментира Андонов.

Тој ги предупредува членовите на КХВ дека мора да гледаат малку над законот затоа што овој обид за преземање на „Макпетрол“ не може да се затвори само со исполнување на неколкуте формални критериуми. Односно мора да се открие целта на „Балкан петролеум“- зошто сака да го купи „Макпетрол“ и какви планови има со фирмата и вработените, осбено ако се знае нивното минато со пропаднати рафинерии и сомнително финансиско минато.

КХВ се уште не се изјаснува за случајот и најверојатно чека да измине рокот во кој тие ќе одлучат дали „Балкан Петролеум“ од понудувач може да започне постапка на купувач. Комисијата пред себе ја има важната одлука од која зависи и понатамошната стабилност на македонската економија и пазарот со горива.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
ФОКУС
February 14, 2026

Минхен: САД и Европа се поврзани но партнерството мора да се прилагоди

ВЕСТИ February 14, 2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека судбините на САД и Европа се „поврзани“, во…

Јотова: Северна Македонија лобира да го заобиколи првиот кластер но да не се лаже дека постои полесен пат до ЕУ

February 14, 2026

Кос: Во следното проширување на ЕУ нема да дозволиме да влезат „Тројански коњи“

February 14, 2026

Левица: Падна една недопирлива – победи јавниот притисок за Цвета Ристовска

February 13, 2026
ТИКЕР

Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир

February 15, 2026

Ле Монд: Париз формира специјален тим истражители за да ги испита врските на Епстин со француски граѓани

February 15, 2026

Пукање во американски кампус во Јужна Каролина – две лица убиени

February 13, 2026

Курти: Просечна плата во косово од 1.000 евра!

February 13, 2026

Министер во кабинетот на Трамп: Порано шмркав кокаин дури и од тоалетната школка

February 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.