НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Андоновски: Не ми се верува дека новинари прават списоци на предавници

0
By Сашка Цветковска on May 22, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не ни помислував дека Македонија ќе дојде до тој степен каде што ќе имаме новинари коишто прават списоци за предавници, каде во Министерството ќе се прават списоци на подобни и неподобни автори, каде уметници, наместо да се борат за слобода, ќе повикуваат на гумени куршуми врз сопствениот народ, каде ќе има „спонтано“ собрани граѓани кои ќе ги чистат трагите на слободата, вели писателот Петар Андоновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Андоновски, првата книга – финалист за Роман на годината, втората – добитник на наградата, но сепак изостана поддршката од Министерството за култура за нејзиното издавање. Ве сметаат за неподобен уметник или нешто друго е во прашање?

Не знам дали ме сметаат за подобен или неподобен и не знам дали тоа беше некоја лична пресметка со мене или се работеше за нешто сосема друго. Сепак, и покрај тоа што мојот прв роман беше во финале за Роман на годината и ги имав сите услови за да ги добијам финансиите од Министерството за култура, сепак не ја добив поддршката од непознати причини, но она што особено ме изиритира и мене и мојот издавач беше сознанието што го имавме дека сум добил финансии од комисијата, но подоцна, кога списокот отишол „некаде горе“, сум бил исфрлен од списокот. Можеби тоа не е некоја лична пресметка со мене, но факт е дека сум бил исфрлен за да биде ставен некој што е подобен.

Во двете книги обработуваш општествени теми, во првата следењето на движењето на луѓето, во втората состојбите во судството. Колку реалноста е инспирација за нивното пишување?

Сето она што секојдневно го гледаме, го доживуваме, случајно чуените муабети во автобус, на автобуска станица, во кафуле, сето тоа некако си го наоѓа патот, на некој начин тоа се рециклира и не знам дали ние ги избираме темите или тие нè избираат нас, но сите ние го пишуваме она што најблиску го чувствуваме, така што не би можел да кажам дека е сосема случајно тоа што сум го напишал.

Активен си на протестите на Шарената револуција. Мотив да излезете на протестите се токму лошите состојби во општеството?

Апсолутно. Правда мора да има, како што мора да има и кривична одговорност. За жал, Македонија во моментов е вратена 30 години назад. Кога пред 10 години прв пат ги читав есеите на Дубравка Угрешиќ која зборува за состојбите во Хрватска во 90-тите години во времето на Туѓман и за Србија во времето на Милошевиќ, тогаш не ни помислував дека Македонија ќе дојде до тој степен каде што ќе имаме новинари коишто прават списоци за предавници, каде во Министерството ќе се прават списоци на подобни и неподобни автори, каде уметници, наместо да се борат за слобода, ќе повикуваат на гумени куршуми врз сопствениот народ, каде ќе има „спонтано“ собрани граѓани кои ќе ги чистат трагите на слободата. За жал, она што во моментов се случува во Македонија нè враќа едно 30 години наназад. На почетокот, во 90-тите години имавме многу повеќе демократија отколку сега.

Некои од твоите колеги уметници, како што спомена, се дел од протестите. Ако тие треба да бидат движечката сила за отворена критика, сметате ли дека тоа доволно го прават?

Она што особено ме радува е тоа што на протестите секојдневно се активни многу писатели, особено писатели од мојата генерација. Нам ни останува оваа земја, нам ни останува книжевноста, така што кога ќе ги видам сите тие колеги, без разлика дали приватно се дружам со некои од нив или не, навистина ме радува што создавам во исто време со тие луѓе. Сметам дека, за разлика од другите области од уметноста, писателите се некако поотворени кон слободата, иако има и такви, како што имавме пример со еден писател кој напиша едно негативно писмо кон сите нас кои секојдневно протестираме. Сепак, сè повеќе млади луѓе се активни на протестите и тоа е она што ме радува.

Целото интервју погледнете го на страницата на Радио Слободна Европа

#Шарена револуција Книжевнст Петар Андоновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.