Со 97.823 гласа „за“ хрватскиот европратеник Андреј Пленковиќ е избран за нов претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) по оставката на Томислав Карамарко минатиот месец.
Пленковиќ на партиските избори доби и повеќе гласови кога се бираше Карамарко, кој на 21 јуни поднесе оставка бидејќи не успеа да формира парламентарно мнозинство како што вети пред партијата.
Пленковиќ е петтиот по ред претседател на ХДЗ.
46- годишниот Пленковиќ, кој е поранешен европарламентарец ќе биде кандидат на партијата за нов премиер на вонредните парламентарни избори во Хрватска кои ќе се одржат на 11 септември.
Тој порача дека од ХДЗ сака да направи партија која ќе гарантира политичка стабилност во Хрватска, да донесе правна сигурност и инклузија во хрватското општество.
Пред да стане претседателка на земјата, Колинда Грабар-Китаровиќ исто така беше член на во моментов највлијателната партија ХДЗ.