Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анестезиолозите обвинети за смртта на родилката пиеле цела вечер

1
By Нова ТВ on April 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 18, 2017 22:34

На судењето за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, сведочеше гегвеличанецот Александар Манчевски, кој како келнер во кафе барот ги служел двајцата лекари. Тој потврди дека двајцата анестезиолози пред породувањето на родилката од Гевгелија биле во кафе бар каде што пиеле алкохол.Манчевски пред судот рече дека лекарите дури поднапиени дошле во кафе барот.

„Тоа попладне, двајцата анестезиолези дојдоа во кафулето во полупијана состојба и за околу два часа колку што останаа, нарачааа по три до четири коњаци и јас ги послужив. Доктор Јовановски, кој сега е починат, го познавав од порано, а доктор Ванчев прв пат го видов. Откако ги испија пијалоците, околу 20 часот и 30 минути станаа и си заминаа“, рече Манчевски на судското рочиште.

За разлика од ова, директорот на болницата веднаш по случајот трдеше дека лекарите не биле пијани и дека тој ќе си даде оставка ако треба. На тоа на судењето го потсети и сопругот на починатата родилка.  Адвокатот на обвинетиот гинеколог д-р Венци Чалков е убеден дека на судот ќе му ја докаже невиноста на неговиот клиент.

„Не ми е јасно како сведок може да не се сеќава на каков формулар се водени некои податоци за новородено бебе. Лекарите не го водат тоа, тоа го води персоналот.“ – изјави Бореч Стојанов, адвокат на обвинетиот д-р. Венци Чалков.

За смртта на 32-годишната Маја Кадиева и нејзиното новороденче, кои починаа пред 17 месеци, обвинети се анестезиологот Томчо Ванчев и гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов. Четвртиот лекар кој доби обвинение, анестезиологот Зоран Јовановски почина пред да почне судењето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.