Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Ако и денеска МРТВ не ги објави бомбите, утре влегуваме во телевизијата

0
By Нова ТВ on March 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 20, 2015 12:58


Претседателот на партијата „Достоинство“ – Стојанче Ангелов денеска испрати последен повик до јавниот сервис МРТВ со молба да објави барем дел од политичките бомби на опозицијата и порача дека доколку не го сторат тоа, утре на пладне, заедно со граѓаните тој ќе упадне во телевизијата.

-Очекуваме вечерва во централните вести на МРТВ1 да биде пуштен еден подолг прилог со клучните моменти од сите досега објавени бомби. Доколку има еден таков прилог, ние ќе ги прекинеме активностите, очекувајќи МРТВ и во иднина редовно да ги известува граѓаните. Доколку не ги емитува снимките, тоа значи дека уредникот на телевизијата самоволно го крши уставот и законите бидејќи македонските граѓани со Устав имаат загарантирано право на јавно информирање. Затоа вечерва ќе направиме еден поголем протестен собир, кој јас го нарекувам генерална проба. Утре во 12 часот ги повикувам сите граѓани да дојдат и да и влеземе внатре во телевизијата и да пуштаме делови од бомбите. Ќе влеземе ненасилно, порача Ангелов.

Инаку генералот Ангелов После низа одржани јавни собири пред МРТВ, неделава оствари средба и со уредникот на информативната програмата на МРТВ Горан Петрески кој рекол дека јавниот сервис да ги објавува бомбите сè додека Обвинителство не ја тргне забраната за емитување на вакви содржини.

Соопштението на кое се повикува уредникот на МРТВ, Горан Петревски како причина поради која не ги објавува „бомбите“ на опозицијата е од трети февруари и гласи:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите.

Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон.

Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.“

За разлика од јавниот сервис, дел до телевизиите и речиси сите интернет портали во земјава континуирано ги објавуваат прислушуваните разговори кои ги обелоденува лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Ангелов денеска пресот го одржа пред зградата на Министерството за внатрешни работи, заедно со бранителот Сашо Величковски, кој се споменува во разговорите од 12-тата бомба на опозицијата.

Величковски до Јанкуловска:Не сум човече- ни говедо, ми останува беден Македонец.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.