Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов бара објаснување од Обвинителство зошто да не се емитуваат „бомбите“

0
By Нова ТВ on March 17, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2015 11:53

Претседателот на партијата „Достоинство“,Стојанче Ангелов, на својот фејсбук профил објави дека рано утрово одржал средба со Генералниот Секретар на Јавното Обвинителство. На средбата Ангелов ги истакнал барањата кои до Обвинителството денеска во 13 часот ќе бидат официјално доставени.

Барањата на Ангелов се поставени во пет точки:

„1)Барање за средба со нелегитимниот Јавен Обвинител на која ќе го предупредиме дека со непреземањето на дејствија против сторители на тешки кривични дела од областа на организираниот криминал (претседателот на Владата, министри во владата и други високи функционери) може да сноси кривична одговорност за Злоупотреба на службената положба и овластувања, дело за кое се заканува повеќегодишна затворска казна. Воедно ќе го повториме нашето барање веднаш да си даде оставка;

2)Барање да не известат дали навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, бидејки на официјалната интернет страна на ЈО нема таква Одлука. Постои само соопштение од 03.02.2015 година кое е целосно нејасно и нелегитимно бидејки во самото соопштение не постои образложение врз основа на која Одлука на ЈО се заснива самото соопштение;

3)Доколку навистина постои Одлука на ЈО за забрана за јавно објавување и емитување на разговорите кои ги објавува опозицијата, врз основа на кој член, од кој закон, е заснована таквата одлука?

4)Дали, доколку навистина постои таква одлука, ЈО презело мерки против медиумите кои не ја почитуваат одлуката и доколку не презело, зошто не презело (ТВ Алсат, ТВ 24 вести, ТВ Телма и многу други медиуми во нивните инфортмативни емисии во повеќе наврати објавуваа делови од разговорите кои ги објавува опозицијата)?

5)Доколку навистина постои, бараме итноповлекување на спорната Одлука на ЈО, бидејки е во спротивноsт со пресудите на Европскиот суд за човекови права Observer and Guardian против Обединетото Кралство од 1991 година и Vereniging Weekblad Bluf против Холандија од 1991 година, со кои се постави принципот дека, откако ќе се дадат во јавноста, информациите за националната безбедност не може да се забрануваат или авторите да се казнуваат за нивното испраќање, а токму разговорите кои се предмет на можна забрана (доколку навистина постои ваква Одлука) од повеќе домашни но и странски медиуми се повеќекратно објавени.“

Генерал Стојанче Ангелов повторно ги повикува граѓаните вечерва пред МРТВ.
„Да се собереме вечерва во 19 часот пред МРТВ за последен пат!!!Оттаму ќе отидеме пред Јавното Обвинителство!Дојдете само 1 000 да видите како се руши режим!!!“, пишува Ангелов.

Агелов вчера одржа средба со уредникот на јавниот сервис МРТВ Горан Петрески, при што Петрески посочил дека нема да се емитуваат снимките кои ги објавува опозицијата поради препораките на Обвинителство.

Соопштението на кое се повикува уредникот на МРТВ, Горан Петревски како причина поради која не ги објавува „бомбите“ на опозицијата е од трети февруари и гласи:

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата помеѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите. Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи дека објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошната кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која што беше објавен материјалот за негово отстранување како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина.“

Поради ова, Ангелов рече дека нема да поднесе кривични пријави против Петрески, но најави дека целиот револт сега е насочен кон Обвинителството.

За разлика од јавниот сервис, дел до телевизиите и речиси сите интернет портали во земјава континуирано ги објавуваат прислушуваните разговори кои ги обелоденува лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.