Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Не страдаме толку од злобните, колку од пасивноста на добрите

0
By Нова ТВ on April 18, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 18, 2015 13:42

Над 500 граѓани се собраа денеска пред Македонската радио телевизија да побараат јавниот сервис да ги пушти прислушуваните раговори што ги објавува опозицијата. На собирот се обратија, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, Бубо Каров и уште неколкумина граѓани од насобраните. Пред МТВ се пуштаа и снимки од прислушуваните разговори, јавува новинската агенција META.

Жерновски рече дека МТВ иако има законска обврска не ги посетувала, ниту објавувала настаните кои се однесуваат на референдумот за изгледот на ГТЦ.

– Тој што работеше за слободата на А1 сега работи во режимската МТВ и да размисли каде ќе оди тој и сите околу него кога ќе замине оваа власт – изјави Жерновски.

Стојанче Ангелов кој се обрати последен истакна дека од МТВ бараат да ги објави разговорите за сите македонски граѓани да ја слушнат вистината и власта да си замине, Јавниот обвинител да поднесе оставка и Собранието да се самораспушти, ама пред тоа да формира техничка влада.

– Бараме овие луѓе да си заминат затоа што немаат легитимитет. Ниту владата, ниту Јавното обвинителство, ниту Собранието. Еден дојден овде вреди како десет исплашени кои немаат храброст да дојдат. Затоа велам дека се собравме 10.000. Нема да ја оставиме власта да ги троши нашите пари и ќе ги гониме се додека не го вратат и последното украдено евро. Нашата цел не е да предизвикаме насислство туку да се собереме 100.000 луѓе – изјави Ангелов.

На крај тој рече дека граѓаните не страдаат толку од злобните, колку од пасивноста на добрите.

Ангелов најави дека во понеделник во 12 часот ќе се одржи протест пред Јавното обвинителство, за да го прашаат обвинителот зошто Груевски, и како што рече, бандата околу него не се притворени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.