НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: Само за пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица

0
By Ivana on August 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само за гаснење на пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов

– На лице место кај овој пожар имаме 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила. Покрај ова имаме повеќе од стотина локални пожарникари. Имаме повеќе од 130 припадници на полицијата. Припадници на армијата, припадници на „Национални шуми“, коишто исто така имаат противпожарна служба, нагласи Ангелов.

Тој потенцираше дека припадниците на „Национални шуми“ се обучени за гаснење пожари и имаат слецијални возила за таа намена, како и преипадниците на Дирекцијата за заштита и спасување, кои на лице место со специјални возила учествуваат во гаснењето на пожарот во Будинарци.

– Таму е сконцентрирана голема сила и сите тие заедно учествуваат во гаснењето на пожарот. Рано утрово хеликоптер на МВР, со пожарникари од Австрија и наши пожарникари направи извидување на теренот за да ги одредат приоритетните точки кои треба да се гасат, бидејќи гори и чади на неколку места. На лице место најверојатно дејствува армискиот хеликоптер, којшто веќе чекаше до Будинарци да заврши извидувањето за да добие квалитетни информации. Она што го добивме како помош од странство, максимално го користиме, рационално и организирано. Во секој еден момент точно знаеме колку луѓе од кои единици и од кои служби на која позиција се наоѓаат и која е нивната улога, наведе директорот на ЦУК.

Ангелов информираше дека вчера поладне над Будинарци направиле контролиран контрапожар со кој го органичиле реонот во кој пожарот може да се шири.

Осврнувајќи се на нападите од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ангелов истакна дека не знае од каде е потребата за навреди, омаловажувања и неосновани критики.

– Наместо да се навредуваме, пратете ваш човек, како што вчера побарав, нека дојде во нашиот Штаб, одблиску нека ја набљудува работата на Главниот штаб, можеби ќе даде некој добар предлог, ние немаме отпор, секој добар предлог даден од кој било граѓанин на оваа држава ние ќе го прифатиме. Ние немаме време за филозофирање, бидејќи секој ден гаснеме пожари. Вчера имаше 14 активни пожари, во овој момент има само четири. Се надеваме дека најмалку еден од овие четири денеска ќе биде целосно изгаснат, а тоа е пожарот во општина Берово над селото Будинарци,  посочи Ангелов.

Илија  Бојаровски од ЦУК нагласи дека силите на терен од Северна Македонија, Австрија, Словенија и од Бугарија дејствуваат со проверени методи.

– Мора да се заблагодариме на месното население бидејќи тоа се вклучува навистина самоиницијативно, но и да  апелираме дека нивното вклучување секогаш треба да биде во конекција со екипите што се на терен бидејќи тие се професионалци и имаат свои линковски врски и веднаш знаат од кој правец има опасност, но исто така веднаш знаат која тактика и кој метод за противпожарно дејствување се применува во тој момент, наведе Бојаровски. 

Будинарци Лица пожари Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.