Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, за НОВА изјави дека многу сериозно размислува за да се кандидира за претседател и засега отфрла коалиции со други партии. Единствената коалиција за мене е онаа со народот, додава Ангелов.
Како што вели Ангелов, иако е рано за конечна одлука, сега работи на засилување на Општинските комитети на неговата партија, но и на анкети за јавното мислење, со кои би го проценик сопствениот рејтинг, но и шансите за претседателската кандидатура и оттука и можната функција.
Ангелов вчера за НОВА изјави дека партијата „Достоинство“ објавува крај на коалицирањето со Сојузот на иднината, што подоцна го објави на прес-конференција, кое за НОВА го образложи:
-Посебно сме задоволни од начинот на раздружување со СДСМ и останатите партии од Сојузот за иднината. Раздружувањето не се случува вообичаено, како досегашните во Македонија, туку со висок степен на демократска култура и взаемно почитување. Остануваме жестока опозиција. Исклучено е влегување во коалиција со ВМРО. Ваквата одлука ја најавивме уште во јуни и денешното објавување е само формализирање на таа одлука.
Според плановите на Достоинство, на идните парламентарни избори тие ќе излезат самостојно и не најавуваат коалицирање со други партии.




