Професионалните војници упатија апел до премиерот Груевски и претседателот Иванов да не ги забораваат, бидејќи во 2001 година биле на работ на смрт, бранејќи ја државата.
Тие кои го изгубиле договорот за работа, да се вратат во Армијата, бидејќи ги исполнуваат условите кои ќе се создадат со измените на Законот за служба во Армијата, побара денеска претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов.
„Ја повикуваме владата веднаш да ги врати овие луѓе на работа, односно измените на законот ретроактивно да важат и за нив. Доколку нема такви услови, истите да бидат вработени во судската, затворската или шумската полиција“, изјави Ангелов.
Голем дел од овие луѓе учествувале и во мисии во Ирак и Авганистан. Станува збор за 120 професионални војници кои го изгубиле договорот за работа со задоцнетото решавање на нивниот статус.




