Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангеловски: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми

0
By НОВА ТВ on October 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, October 17, 2021 13:22

Министерството за внатрешни работи (МВР) досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави на денешната прес-конференција портпаролот во МВР, Тони Ангеловски.

По отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрирани се по два настана на подрачјата на СВР Скопје, и по еден на подрачјето на СВР Штип, СВР Куманово и на СВР Велес.

– Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место 2600 граѓанин ги фрлил гласачките ливчиња затоа што не му била дозволена помош од друго лице при гласањето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави Ангеловски.

Информира дека во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во близина на влезот на гласачко место 2842 и 2842/1 на ул.„Борка Талески“ во Скопје било забележано дека на девет возила од надворешна страна на стаклата била залепена бројка на кандидат за градоначалник за град Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Во 07.28 часот во СВР Штип било пријавено дека било прекинато гласањето на гласачко место број 852 во кино Култура во Кочани поради истакнат плакат во близина на гласачкото место. Во 10.10 часот во Полициската станица Кратово – СВР Куманово, претседателот на Општинска изборна комисија од Кратово пријавил дека од претседател на избирачко место бр.0931 во Кратово бил информиран дека имало агитирање на избирачкото место. Се работи на расчистување на случајот, изјави портпаролот во МВР.

Во 09.15 часот во Полициската станица Кавадарци – СВР Велес, посочи портпаролот Ангеловски, било пријавeно дека на гласачко место бр.0720 во Росоман, А.А.(61) од Росоман го остварила правото на глас, иако знаела дека е позитивна на коронавирусот.  И за овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Портпаролот во МВР Ангеловски апелираше до граѓаните и до учесниците во изборите и во останатиот дел од гласањето да се воздржат од инциденти, а доколку има какво било нарушување на изборниот процес граѓаните веднаш да ја известат полицијата или на бројот 192 или да пријават во најблиската полициска станица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.